cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Мама во 34. недела

calendar-img

Се ближи крајот. Скоро уште 6 недели и ќе се запознаете со вашето малечко кое веќе осум месеци го носите во вашиот стомак. Вашите мисли се насочени кон породувањето и нега на новороденчето. Во школата за идни родители детално ќе ви објаснат како изгледа породувањето и неговите три фази, затоа на кратко ќе ги повториме. Првата фаза од породувањето почнува кога контракциите ќе станат редовни. Подгответе часовник со кој ќе ги мерите. Времето меѓу контракциите е време меѓу почетокот на две контракции. Добро ќе ви дојде и податокот за траење на контракциите. Ќе се изненадите кога ќе ви кажат дека една контракција трае повеќе од една минута. Контракциите на почетокот ќе бидат прилично нежни, но со време ќе станат се појаки и почести. Првата фаза од породувањето е најдолга, бидејќи трае и по неколку часа. Обично почнува дома, а се завршува на креветот за породување. За време на првата фаза се шири грлото на матката, кое откако ќе се рашири потполно (10 см ) започнува втората фаза од породувањето- туркање на детето. Оваа фаза се завршува со раѓање на детето. Со тоа главната работа е завршена, но породувањето сеуште трае. Додека вие уживате во првите моменти со своето новороденче, започнува третата фаза од породувањето, во која се ослободува постелката. Повеќето мајки за оваа фаза воопшто не се свесни, бидејќи се презафатени со воодушевување на новороденчето и броење на прстињата.

Веднаш по породувањето бабицата ќе ви покаже како да го доите бебето. Ќе ве обземе незамисливо чувство кое засекогаш ќе ви остане во вашето сеќавање, но и на таткото.

И уште ова: во постелката веќе почнал да се лачи хормон кој што овозможува создавање на млеко во градите.

arrow-img

1. НЕДЕЛА

2. НЕДЕЛА

3. НЕДЕЛА

arrow-img

Бремени сте: 1 недели

Денес е првиот ден од вашата последна менструација, барем што се однесува на следните девет месеци!

news-img

Денес е првиот ден од вашата последна менструација, барем што се однесува на следните девет месеци! Иако сеуште не сте бремени, овој датум е важен за да пресметате кога е терминот за породување, затоа запомнете го. Оваа недела веќе се брои како прва недела од бременоста.

arrows-img

Прочитајте повеќе

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img