cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Зошто утринските мачнини помагаат? Непријатен симптом што всушност може да има заштитна улога

Верувале или не, утринската мачнина може да има и позитивна улога во текот на бременоста.

Зошто утринските мачнини помагаат?

Таа е еден од најчестите симптоми во бременоста се појавува кај речиси 80% од трудниците.

Иако може да биде напорна, исцрпувачка и некогаш фрустрирачка, одредени научни истражувања покажуваат дека утринската мачнина има важна заштитна улога и за мајката и за бебето. 

Наместо да ја гледаме само како непријатност и состојба која ни го пореметува секојдневието за време на бременоста, вреди да разбереме зошто се јавува и што значи за развојот на плодот.

 

Зошто се јавува утринска мачнина?

Во првите недели од бременоста, нивото на хормоните hCG, естроген и прогестерон нагло се зголемува. Овие хормони се клучни за развој на плацентата и одржување на бременоста, но истовремено делуваат и на делот од мозокот што го контролира чувството на мачнина.

Со други зборови, телото на трудницата се прилагодува за да го заштити бебето, а појавувањето на мачнините се дел од тој процес.

 

Како утринската мачнина го штити бебето?

1. Ја намалува веројатноста за внесување штетни материи

Мачнината и чувството на одбивност кон одредени намирници како што се: месо, кафе, јајца или пржена храна, можат да бидат инстинктивен механизам за избегнување на храна што може да содржи бактерии или токсини.
Ова е особено важно во раната бременост кога се формираат мозокот, срцето и органите на бебето.

2. Понизок ризик од спонтан абортус

Студиите покажуваат дека жените кои имаат утринска мачнина имаат помала веројатност за рана загуба на бременоста. Тоа е знак дека хормоните функционираат правилно и дека бременоста се развива стабилно.

3. Мачнините го поддржуват здравиот развој на плацентата

Зошто е ова вака? Хормоните што предизвикуваат мачнина истовремено ја зајакнуваат плацентата. Па следствено, колку е плацентата посилна, толку е бременоста побезбедна.

 

Кога е мачнината нормална појава, а кога треба лекарски совет?

Нормалната мачнина се јавува во првиот триместар и доаѓа во бранови, а се олеснува со малку храна, вода или одмор

Но треба да се побара лекарска помош ако: не можете да задржите храна или течност во организмот(веднаш повраќате), губите телесна тежина, ако чувството трае цел ден и ако има знаци на дехидрација.

Ова може да укажува на состојба hyperemesis gravidarum. Оваа состојба е компликација во бременоста која се карактеризира со потешко гадење, повраќање, губење на тежината и евентуално дехидрација. Може да се појави и чувство на несвестица. Па затоа се смета за потешка форма на утринска мачнина која бара медицинска поддршка.

 

Како да ја ублажите утринската мачнина?

  • Јадете почесто, но во мали количини.
  • Започнете го денот со суви храна како крекери, тост и слично.
  • Пијте мали голтки вода во текот на денот
  • Чајот или бонбони со ѓумбир може да бидат од голема корист.
  • Избегнувајте силни мириси и тешка храна.
  • Одморајте се секогаш кога ќе можете бидејќи уморот може да ја влоши мачнината.

 

Иако е непријатна, создава нервоза, а и ја уморува трудницата, утринската мачнина често е знак дека бременоста се развива здраво.
Таа е доказ дека хормоните ја поддржуваат плацентата, го штитат бебето и го насочуваат организмот да избегнува потенцијално опасни материи.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет