Зошто не треба да вежбате со болка?

Во светот на фитнесот често се слуша фразата „Без болка, нема добивка“, но ова е една од најопасните заблуди кога станува збор за здравјето и безбедното вежбање.

Зошто не треба да вежбате со болка?

Болката не е знак на прогрес, туку предупредување дека нешто не е во ред. Разликувањето помеѓу нормален замор и вистинска болка е клучно за да се избегнат повреди и долгорочни последици.


Кога болката е нормална, а кога не?

По интензивен тренинг, често се јавува DOMS (Delayed Onset Muscle Soreness), чувство на затегнатост и лесна болка во мускулите 24 до 48 часа по вежбање. Ова е нормално и значи дека мускулите се адаптираат и се зајакнуваат.

Но, остра, силна или постојана болка за време на тренинг или веднаш по него е аларм кој не треба да се игнорира. Тоа може да укажува на: истегнување или кинење на мускул, повреда на зглоб или лигамент, притисок врз нерв, воспалителни процеси.


Што се случува ако ја игнорирате болката?

Продолжувањето со вежбање и покрај болката не ја зајакнува волјата, туку ја зголемува шансата за сериозни повреди. Долгорочно, ова може да доведе до: хронични болки, повторувачки повреди, намалена подвижност, подолг период на рехабилитација.

Со други зборови, ризикувате повеќе месеци без тренинг, што е спротивно на вашата цел.


Како да реагирате ако почувствувате болка?

  1. Не продолжувајте да го правите движењето кое предизвикува болка.
  2. Анализирајте дали болката е остра, дали се јавува само во одредена позиција, дали се шири.
  3. Одморете го телото. Понекогаш се потребни 24-72 часа пауза за да се смири воспалението.
  4. Применете студен или топол компрес. Ладниот помага во намалување на оток, топлиот ја релаксира мускулатурата.
  5. Конултирајте се со стручно лице: Ако болката трае повеќе од два дена, посетете физиотерапевт или лекар.


Како да спречите појава на болка при вежбање?

  • Подгответе ги мускулите и зглобовите со загревање пред секој тренинг.
  • Погрешното изведување на вежбите е главен предизвикувач на повреди. Затоа следете ги техниките.
  • Зголемувајте го интензитет постепено. Не се префрлувајте на тешки вежби без претходна адаптација.
  • Слушајте го вашето тело. Заморот е нормален, но болката не.


Болката е сигнал, а не предизвик. Вашето тело зборува затоа слушајте го за да бидете силни, здрави и активни без непотребни ризици.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет