Започнува гласање за најкреативна играчка!

Проектот Прегратка на дар, со ВАША ПОМОШ ги стопли срцата на сите болни деца во Македонија! Дојде ред да ги израдуваме и дечињата кои неуморно правеа играчки и ги подарија од срце!

Започнува гласање за најкреативна играчка!

 

ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ГАЛЕРИЈАТА на играчки прегратки кои ги изработија малите рачиња на

децата од градинките и вештите раце на воспитувачките и родителите на дечињата. Во оваа

хуманитарна и топла акција учество зедоа околу 10.000 дечиња од градинките на Република

Македонија и направија повеќе од 7500 уникатни и топли играчки-прегратки.

 


Дојде време да ги израдуваме дечињата кои неуморно изработуваа играчки!

 


Прикажани се околу 53 фотографии за кои може да гласате

од Понеделник, 27-ми јануари (14.00 часот) до Петок, 7-ми февруари 2014 година

и тоа 1 Х дневно.


ГЛАСАЈТЕ и не заборавајте да ги повикате и Вашите пријатели да гласаат!

 

ПРАВИЛА ЗА ГЛАСАЊЕ:

- За секоја фотографија од една e-mail адреса може да се гласа ЕДНАШ дневно.

- Откако за прв пат ќе кликнете на копчето ГЛАСАЈ, ќе мора гласот да го потврдите преку линкот кој ќе стигне на вашата e-mail адреса. Овој чекор се прави само еднаш, потоа до крајот на наградната игра со таа e-mail адреса ќе може да гласате секој ден.

 

- По завршување на гласањето ќе се прогласат  5(пет) градинки добитници на награди. 3(три) од нив ќе бидат избрани со гласови, а 2(две) ќе ги избере нашата жири комисија во состав: 

  • Полексена Ристеска – маркетинг менаџер на Битолска Млекара,
  • Крешо Готовац – извршен директор на Дану ДОО  Словенија и
  • Јана Манева Чупоска – Декан на Факултетот за Арт и Дизајн при Европскиот Универзитет во Скопје.

Изборот ќе се изврши врз основа на вложениот труд и иновативниот пристап.

 

Награден фонд

Наградите ќе ги додели нашиот генерален покрoвител Битолска Млекара и тоа:

За секое дете од градинката кое учествувало во изработката на играчките:


- Битолско млеко со 10 витамини 190 мл. и

- Би Фруит Бибенд 200 мл. сокче

За секоја градинка и нејзината администрација следуваат пакет производи.

 

 

Ниедна награда не може да се замени со парични средства или со друга награда.

Организаторот го задржува правото да не додели награда на учесникот доколку не ги исполнува условите за учество, или ако се утврди дека постапувал спротивно од правилата.


 


ГИ ОЧЕКУВАМЕ ВАШИТЕ ГЛАСОВИ


СРЕЌНО!!!




СИЛНИ ПРЕГРАТКИ


Ваша Рингераја.мк

 

 



Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет