cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Заврши акцијата "Прегратка на дар" 2013

Со многу подароци и насмевки на детските лица, заврши акцијата Прегратка на дар на Рингераја и БиМилк

Заврши акцијата "Прегратка на дар" 2013

 

Почитувани родители, воспитувачи, новинари, соработници и пријатели


8 април 2014, Скопје. Заврши хуманитарната акција „Прегратка на дар“, која веќе трета година успешно се реализира во организација на интернет порталот „Рингераја“ и „Млекара Битола“ како главни покровители.


Со цел да се поттикне хуманоста и да им се помогне на децата во детските клиники што полесно да ги поминат деновите во нив, во изминатите 5 месеци се реализираа бројни активности - од децата за децата. Повеќе од 10.000 дечиња низ цела Македонија рачно изработија над 7.000 играчки и исто толку честитки, што беа дарувани на децата во детските одделенија на сите болници во државата, но и во СОС центрите и Црвениот Крст. Покрај организаторите, во акцијата „Прегратка на дар“ учествуваа претставниците на „Иванов“ школата за млади лидери и г-ѓата Маја Иванова, првата дама на Р. Македонија, како и бројни други волонтери.

Во рамките на проектот беа реализирани 25 работилници во градинките во целата држава, за значењето на хуманоста и помагањето. Изработена е и отпечатена едукативна сликовница во 10.000 примероци и поделена на сите дечиња, учесници во проектот. Проектот опфати и повеќе настани - беше организирана голема изложба на рачно изработените играчки, прва од ваков вид во Република Македонија, а на интернет медиумот Рингераја.мк беше организиран натпревар за најкреативна играчка, при што беа наградени 5 градинки кои имаа најкреативни изработки.

Покрај благодарници на градинките учесници во проектот “Прегратка на дар”, од страна на генералниот покровител на проектот “Прегратка на дар” – БиМилк, беа наградени децата чија што изведба на драматуршката форма на сликовницата “Светот е мал за овој голем кашкавал”, беше најдобра.

„Оваа прекрасна хуманитарна акција успешно ја реализиравме и се надеваме дека ќе продолжи и во иднина. Нашата цел е уште од најрана возраст децата да го сфатат значењето на дарувањето, поддршката и помошта на другите, секојпат да се однесуваат со почит и внимание кон луѓето и околината. Оттука  и оваа акција се одвиваше под мотото: „Од децата за децата: грам љубов за тон здравје“.

 

Се надеваме дека и оваа година, трета по ред, успеавме да ги анимираме дечињата и да ја поттикнеме хуманоста, која е вродена особина кај секој човек.

Се надеваме дека ги израдувавме и, барем за миг, насмеавме болните дечиња во Република Македонија.

Се надеваме дека уживавте следејќи не, додека неуморно придонесувавме во градењето на подобар свет за нашите деца.

 

До следната “Прегратка на дар”,

 

СИЛНИ ПРЕГРАТКИ!

 

Ваша Рингераја.мк


Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет