cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

За здраво бебе - СТОП за цигарите

Новороденчињата на мајките кои пушеле за време на бременоста, како и бебињата кои се изложени на пасивно пушење по раѓањето, имаат посебно висок ризик од синдром на ненадејна ифантилна смрт (SIDS).

За здраво бебе - СТОП за цигарите

Хемикалиите во чадот негативно влијаат врз мозокот и респираторниот систем на доенчиња. Центрите за контрола и превенција на болестите (Centers for Disease Control and Prevention, CDC) проценуваат дека повеќе од 300.000 деца помлади од 18 месеци имаат инфекции на долниот респираторен тракт поради изложеноста на чадот.

Ефектите од пушењето кај новороденчињата и децата:

„Бремените жени треба апсолутно да не пушат и пушењето треба да се забрани во домот откако ќе се роди бебето“ истакнува Dr. Phelan.

„За жал, знаеме дека доенчињата и малите деца сеуште интензивно се изложени на пасивно пушење од страна на возрасните. Родителите, старателите или другите членови на семејството често пушат во просториите каде престојуваат и децата“. Речиси 60% од децата на возраст од 3-11 години се изложени на пасивно пушење, што ги прави и поподложни на многу заболувања.

Новороденчињата на мајките кои пушеле за време на бременоста, како и бебињата кои се изложени на пасивно пушење по раѓањето, имаат посебно висок ризик од синдром на ненадејна ифантилна смрт (SIDS). Хемикалиите во чадот негативно влијаат врз мозокот и респираторниот систем на доенчиња.

Центрите за контрола и превенција на болестите (Centers for Disease Control and Prevention, CDC) проценуваат дека повеќе од 300.000 деца помлади од 18 месеци имаат инфекции на долниот респираторен тракт поради изложеноста на чадот. Пасивното пушење може, исто така, да предизвика и акутни респираторни инфекции, проблеми со ушите и почести и потешки напади на астма кај децата.

 

Пушењето во бременоста е голем ризик:

Според најновите истражувања спроведени од Универзитет во Аризона, доколку жената за време бременоста пуши цигари, детето кое ќе се роди е со големи шанси да стане пушач уште додека е тинејџер.

„Чадот от цигарите некако ја менува хемијата во мозокот. Доколку детето е пренатално изложено на чад од цигари, шансите дека ќе стане хроничен пушач најдоцна до 22 години, се преголеми“-изјавила лидерката на тимот за истражување, Roni Grad.

Пушењето го зголемува ризикот од астма кај децата:

Ризикот од појава на астма кај едно дете е шестпати поголем, доколку мајката пуши во текот на бременоста, покажуваат резултатите од една нова шведска студија.

Според резултатите од студијата, пушењето во текот на бременоста почесто придонесува за раѓање на деца со намалена телесна тежина, а што може да предизвика и астма.

Со истражувањето биле опфатени 3.400 деца во периодот меѓу 1996 и 2008 година. Речиси една четвртина од децата, чии мајки пушеле, имале телесна тежина помала од 2,5 килограми при раѓањето. Во просек децата на пушачите имале тежина помала за 211 грама.

 

Извор: Прв македонски портал за ракот: www.rak.mk

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет