cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Време за вас двајца, без гужва и аларми: Да се потсетиме дека сме „ние“

Кога ќе станеш родител, романтиката често се губи меѓу пелените, домашните задачи и непреспиените ноќи. Но токму затоа е важна. Не затоа што сте себични, туку затоа што силен пар создава сигурен дом.

Време за вас двајца, без гужва и аларми

Затоа, еве неколку идеи како вие, како брачен пар, да си подарите викенд што ќе ве потсети на љубовта пред сè и над сè:

1.     Бегство во природа – тишина што поврзува

Изнајмете планинска куќичка или дрвена колиба во близина на езеро или шума. Разбудете се со звукот на птици, прошетајте рака под рака низ природата и подгответе едноставна вечера со свеќи. Без телевизија, само разговор и тишина што ве зближува.

 2.     Спа викенд – релаксација за тело и душа

Изберете хотел со спа центар, резервирајте масажи за парови и уживајте во термалните базени. Тоа не е само луксуз, тоа е вложување во вашата поврзаност. По релакирачкиот ден вечерајте во интимна атмосфера. Овој пат не зборувајте за пелени, училиште или сметки. Прашајте се едноставни, но длабоки прашања: Што те прави среќен денес? Кога последно се насмеа од срце? Поврзувањето почнува од зборови.

 3.      Креативен викенд – направете нешто заедно

Запишете се на кратка работилница: керамика, сликање, готвење или вински курс. Споделувањето ново искуство создава нови заеднички спомени и нови теми за разговор.

 4.     Road trip без дестинација

Понекогаш најубавите спомени се создаваат без план. Изберете правац, пуштете ја омилената музика, и застанете каде што ќе ве однесе патот. Истражете нови мали места, локални кафеани и скриени погледи.

 5.     Романтика дома – кога срцето не бара далечина

Децата кај баба и дедо? Совршено. Организирајте „мини одмор“ дома: филмска вечер со пижами, домашна паста, свеќи и омилено вино. Малку труд – голема блискост.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет