Кога децата почнуваат да одат? Што е нормално?
Првите чекори на детето се еден од најочекуваните моменти за секој родител. Но развојот на одењето не следи строго правило и може значително да варира од дете до дете. Она што за едно дете е рано, за друго е сосема нормално.
Кога најчесто децата почнуваат да одат?
Просечен период на започнување со одење е меѓу 9 и 15 месеци, но најчесто почнува околу 12 месеци.
Некои деца почнуваат уште на 8-9 месеци. Обично претходи рано исправување и ползење.
Кај некои деца доаѓа до подоцнежно одење. До 16-18 месеци сè уште може да биде нормално. Често се појавува кај деца кои подолго ползат или внимателно се движат.
Фази пред првите чекори
- Ползење кога се развива координацијата и силата.
- Исправање со потпора како држење за мебел или раце.
- „Крстарење“ (cruising) односно движење долж мебелот со држење.
Што влијае на времето на одење?
- Генетика. Ако родителите подоцна прооделе, често и детето следи сличен ритам.
- Темперамент на детето. Попретпазливи деца започнуваат со одање подоцна.
- Моторен развој односно силата на мускулите и развојот на координацијата игра улога.
- Колку време поминува на под. Колку повеќе има слободно движење толку е побрз развојот на детето па со тоа темпо започнува и одењето.
Што е нормално, а што не?
Нормално е започнување со одење помеѓу 9 и 18 месеци. Секое дете има различен стил на одење на почетокот како на пример на прсти, нестабилно.
Консултирајте се со лекар:
- Ако детето не покажува интерес за стоење до 15-16 месеци.
- Ако има значителна асиметрија во движењето.
- Ако не се обидува да се движи ни со поддршка.
Како родителите можат да помогнат?
Родителите треба да го охрабрат своето дете да оди, да му овозможат слободно движење, а не да вршат притисок.
Треба да се направи безбедна средина за движење односно простор без опасни пречки.
Најдобро е босо да оди по дома за подобра рамнотежа и поголемо чувство за подот под неговите стапала.
Секое дете има свој ритам на развој. Првите чекори не се трка, туку природен процес што доаѓа кога телото и самодовербата се подготвени. Најважната улога на родителите е да бидат поддршка, не да брзаат, туку да охрабруваат.





