cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Менување пелени, што да користите и што да избегнувате?

Менувањето пелени е една од најчестите и најважни рутини во грижата за бебето. Иако изгледа едноставно, правилниот избор на производи и техники може значително да влијае на удобноста на бебето и здравјето на кожата.

Менување пелени, што да користите и што да избегнувате?

Што треба да користите?

1. Квалитетни пелени

Изберете пелени кои добро впиваат влага, имаат мека и дишечка површина, не се премногу тесни и не предизвикуваат иритации.

Добрата пелена помага да се одржи кожата сува и заштитена.

 

2. Нежни влажни марамчиња

Најдобро е да користите марамчиња без алкохол и силни парфеми, со хипоалергени формули.

Кај новороденчиња, понекогаш е подобро и само млака вода и памучна газа.

 

3. Крем за заштита од пеленски осип

Кога е потребно, користете: крем со цинк оксид, бариерни креми за заштита на кожата и секако производи препорачани од педијатар.

 

4. Чиста и безбедна подлога за менување

  • Таа треба да биде мека што лесно се чисти.
  • Да има топла и безбедна површина.
  • Имајте сè при рака пред да започнете со менување на пелена.

 

Што треба да избегнувате?

1. Премногу ретко менување пелени

Долготрајна влага односно ретко менување на пелени може да доведе до иритација, црвенило и пеленски осип.

 

2. Производи со силни хемикалии

Избегнувајте да користите марамчиња со алкохол, силно парфимирани креми и агресивни сапуни.

Тие можат да ја иритираат чувствителната бебешка кожа.

 

3. Претесни пелени

Притисокот може да предизвика траги на кожата, намалена циркулација на воздух, а со тоа непријатност кај бебето.  

 

4. Непотребно триење на кожата

При чистење не тријте силно туку сушете ја кожата внимателно со нежно тапкање.

 

Корисни совети за полесна рутина

  • Секогаш имајте сè подготвено пред менување на пелените.
  • Разговарајте со бебето за да го смирите.
  • Менувајте пелена веднаш по мокрење или столица.
  • Одржувајте редовна хигиена, но без претерано миење.

 

Правилното менување пелени не е само хигиенска рутина, туку и начин да се заштити чувствителната кожа на бебето. Со внимателен избор на производи и нежна грижа, се намалува ризикот од иритации и се создава поголема удобност за бебето.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет