Што се случува со бебето во првиот месец од животот?
Првиот месец од животот е период на огромни промени за новороденчето. Бебето преминува од заштитената средина во утробата во надворешниот свет и постепено почнува да се прилагодува на новите услови.
Во овој период, најважни се растот, адаптацијата и основните рефлекси.
1. Прилагодување на надворешниот свет
По раѓањето, бебето почнува да:
- дише самостојно,
- се прилагодува на температурата надвор од телото на мајката,
- започнува со хранење преку доење или адаптирано млеко.
Ова е голем напор за малото тело, па бебето најголем дел од времето го поминува во спиење.
2. Спиење и будење
Во првиот месец бебето спие многу.
Обично сшие од 16 до 20 часа дневно, се буди на секои 2 до 3 часа за хранење бидејчи сеуште нема воспоставен ритам на спиење.
3. Исхрана
Исхраната е најважна во овој период.
Бебето јаде често, на кратки интервали бидејќи стомачето е многу мало. Мајчиното млеко или формулата се единствен извор на исхрана.
4. Раст и развој
Иако изгледа мало и мирно, бебето брзо се развива.
Може да се забележи:
- мало зголемување на телесната тежина,
- почеток на координација на рефлексите,
- подобро прилагодување на звук и светлина.
5. Рефлекси кај новороденче
Бебето се раѓа со природни рефлекси кои му помагаат да преживее.
Најчести се: цицачки рефлекс, фаќачки рефлекс, Моро рефлекс т.е рефлексот на изненадување и рефлекс на барање храна.
6. Сетилата се развиваат
Во првиот месец сетилата сè уште се незрели, но почнуваат да се активираат.
Бебето најдобро препознава гласови, особено на мајката, гледа заматено и на кратко растојание, реагира на силни звуци и допир.
7. Емоционална поврзаност
Иако бебето сè уште не ги разбира емоциите, почнува да создава врска со родителите.
Важни се:
- допирот и гушкањето,
- контактот „кожа на кожа“,
- мирен глас и присуство на родителите особено мајката.
Првиот месец од животот е период на адаптација и брз развој. Бебето учи да функционира надвор од матката, се прилагодува на новите услови и постепено воспоставува ритам на спиење, хранење и будење.
Иако изгледа кревко, неговиот организам работи напорно за да се прилагоди на новиот свет, додека најважната поддршка ја добива од родителската грижа и близина.





