Во чест на ангелите кои не успеале да се родат...
Мојата драга и прекрасна пријателка Kathryn дојде кај мене со специјално барање за семеен портрет. Таа и нејзиниот сопруг сакаа фотографија која ќе го отслика нивното семејство од 8 членови, со нагласок на 5-те бебиња кои ги изгубиле...
Ова е финалната фотографија која ја направив за неа. Ја изработував неколку денови и ми беше тешко на срцето. Можам само да замислам колку им било тешко нив, во текот на сите овие години. Срцето ми се крши за неа и за нејзиното семејство.
Октомври е интернационален ден за губење на децата во бременоста и по раѓањето. 1 од 4 изгубени деца е толку срцекршечка статистика. Ве молам одделете момент за Karhryn и за сите семејства кои страдале со губење на бебе. Испратете им ги на сите своите убави мисли, прегратки и охрабрување. Не ги оставајте да страдаат сами.
"Кога дете ќе ја изгуби својата мајка, го нарекуваат сираче, кога жена ќе го изгуби својот маж, ја нарекуваат вдовица. Кога родителите ќе изгубат дете, не постои збор со кој може да се опише тоа."
Во овој месец се подигнува свеста за сите родители кои изгубиле дете.
Споделете, за да им покажете дека не се сами.






