Витамин Б6 во бременост, важен сојузник за мајката и бебето
Витаминот Б6, познат и како пиридоксин е есенцијален водоразтворлив витамин кој игра важна улога во метаболизмот на протеини, создавањето на невротрансмитери и здравјето на нервниот систем.

За време на бременоста, неговата улога станува уште позначајна.
Зошто е важен за трудниците?
- Намалување на утринската мачнина. Истражувањата покажуваат дека витамин Б6 може да помогне во ублажување на симптомите на мачнина и повраќање во првите месеци од бременоста.
- Поддршка за развој на бебето. Б6 учествува во развојот на мозокот и нервниот систем на фетусот.
- Производство на црвени крвни зрнца. Помага во спречување на анемија кај мајката.
- Енергетски метаболизам. Игра клучна улога во претворањето на храната во енергија, што е особено важно при зголемени потреби за енергија во бременоста.
Препорачаната дневна доза за трудници изнесува околу 1,9 мг дневно, што може да се обезбеди со разновидна исхрана или додатоци, доколку тоа го препорача лекар.
Извори на витамин Б6
- Житарици и интегрални производи: ориз, овес, пченка.
- Месо и риба, пилешко, говедско, лосос.
- Зеленчук и овошје, банана, спанаќ, компир, авокадо.
- Многу ореви и семки, сончогледови семки, лешници.
Предозирање и безбедност
Витаминот Б6 е водорацтворлив, па телото го исфрла вишокот преку урината. Сепак, високи дози над препорачаното, особено преку суплементи, може да предизвикаат нервни проблеми. Затоа секогаш е важно да се консултирате со гинеколог пред да земате додатоци.
Со правилна и разновидна исхрана, потребата за Б6 обично се задоволува без дополнителни суплементи. Сепак, во случај на силна утринска мачнина, лекарот може да препорача сигурна доза Б6.