Вагинален исцедок во бременост: Кога е нормално, а кога да се загрижите?
Ако сте забележале зголемен вагинален исцедок од кога сте бремени, не сте сами и не е причина за паника.

Овој тип исцедок, познат како леукореја, е сосема нормален дел од бременоста и обично е знак дека телото си ја врши работата правилно. Но, важно е да знаете што е нормално, а кога треба да се обратиш кај лекар.
Што е леукореја?
- Леукореја е течен, белузлав или проѕирен вагинален исцедок, со лесна или слузеста текстура вообичаено без непријатен мирис,
Овој исцедок се појавува и пред бременоста, но за време на бременост, особено во првите недели, може да се зголеми во количина и да стане поочигледен.
Зошто се јавува за време на бременост?
Причините за појава на леукореја се поврзани со:
- Зголемен проток на крв кон вагиналната област,
- Хормонални промени, особено зголемување на естроген,
- Зголемено создавање на слуз како дел од природната заштита на телото.
Исцедокот има улога да одржува вагиналната флора здрава, да штити од инфекции и да ја одржува вагиналната средина чиста.
Кога се јавува?
- Леукорејата може да започне уште во првите недели од бременоста,
- Се засилува во вториот и третиот триместар,
- Кон крајот на бременоста може да стане погуста и со повеќе слуз – што може да биде знак за исфрлање на слузниот чеп пред породување.
Што е нормално, а што не?
Нормално:
- Белузлав или млечен исцедок
- Без јак или лош мирис
- Без чешање или печење
Не е нормално ако:
- Исцедокот е жолт, зелен, сив
- Мириса на риба или е непријатен
- Има сврбеж, печење, црвенило или болка
- Содржи крв (надвор од очекуваниот период)
Во тие случаи, можно е да станува збор за инфекција, како вагинална габа, бактериска вагиноза или полово пренослива инфекција и потребна е посета кај гинеколог.
Како да се справиш со зголемениот исцедок?
- Користете памучна долна облека и менувајте ја често
- Избегнувајте тесна облека и синтетички материјали
- Одржувајте редовна и нежна интимна хигиена, без агресивни сапуни или туширање внатрешно
- Користете дневни улошки ако ти е поудобно, но менувајте ги често
- Бидете внимателиа на промените во текстурата, бојата и мирисот
Леукорејата е нормална, здрава појава за време на бременост и најчесто нема причина за загриженост. Сепак, бидете внимателни на промените. Вашето тело секогаш испраќа сигнали. Ако имате дилеми или непријатности, не се двоуми да се консултирате со гинеколог. Подобро е да проверите, отколку да претпоставувате.