Уште една недела до второто Fashion Expo

Со полна пареа се одвиваат последните подготовки пред овогодинешното, #воншаблон -ско издание на Fashion & Lifestyle Expo, кое и оваа година ќе се одржува во фоајето на Македонската опера и балет, од 29ти до 31ви март.

Уште една недела до второто Fashion Expo

Програмата која изобилува со многу креативни и инспиративни презентации, работилници и настапи ви е веќе добро позната, а оние кои ја пропуштиле  можат да ја погледнат тука.

Пролетното расположение не’ води кон нови промени, а овој тродневен настан ветува вистинско бегство од секојдневието и рутината.

Влезот за настанот во текот на трите дена и за сите презентациите и работилниците е бесплатен и отворен за сите посетители, а за презентациите и работилниците можете да се пријавите на овој линк.

Трите дена, програмата започнува од 15 часот, во катчињата – F&L Café, Main stage, Creative Hall. Активностите во Beauty Bar-от ќе започнуваат од 16 часот, а веќе од 17 часот посетителите ќе уживаат во одлична морска храна во Food corner-от на Frutti di Mare.

Fashion & Lifestyle Expo ви нуди 360° од она што го нарекуваме животен стил, па така, покрај бројните работилници, вкусната храна и одличните изложби во Галеријата, посетителите ќе уживаат и во извонредната музичка програма.

Во среда - 29ти март, музичката програма започнува во 20:00 часот, на изложбениот простор на Студио Теохаров со DJ Danny Begic, по што ќе следи пијано концерт на пијанистот Бобан Мирковски, во придружба на пијанистот Дино Имери и балетски перформанс на Студио “Балерина”.

Во 21:00 ARMARIUM ќе ја претстават последната колекција кошули – SEXY – WEAR IT DAILY, а крајот на првиот ден ќе го заокружи џез-бендот – Филип Стевановски.

Во четврток – 30ти март – музичката програма започнува со Krle DayOff @ StudioTeoharov во 19.30, по што следи авангарден арт-перформанс – Body Electric by Kovski.


Во 21:00 младата дизајнерка Јелена Станаревиќ ќе ја претстави новата колекција со невообичаен моден перформанс – J.DOE by NAN DEMO, а до крајот на вечерта ќе не забавуваат Supersonix.

Петок – 31ви март – подгответе се за едно нетипично опуштање по работните обврски.

After-work забавата започнува во 17:15 часот со загревање со Pass-N-G-R (massiva music) @ Studio Teoharov. На забавата ќе имате можност да ги пробате премиум вината Private Reserve на Винарија Стоби и водката ABSOLUT, а настанот ќе го затворат Beta House со одлична музичка програма.

Одиме #воншаблон!

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет