Тврда столица (опстипација)

Опстипација, односно запек е еден од понепријатните проблеми со кои родителите честопати се сретнуваат. Претставува ретко и отежнато празнење на мало количество сув и тврд измет. Многу често се јавува кај децата на возраст од 2 и 3 години.

Тврда столица (опстипација)

Опстипацијата најчесто се јавува како резултат на болест или неправилна исхрана која содржи премногу слатко, маснотии и производи од бело брашно, а многу малку растителни производи како што се житарици или овошје, како и внесување на мало количество течности. Затоа на децата редовно треба да им се дава храна која природно ја регулира столицата, односно предност треба да им се даде на продуктите што се богати со влакна (зелен зеленчук, свежо и сушено овошје, леб од мешано брашно), бидејќи поволно влијае на редовноста на столицата. Експертите на светската здравствена организација препорачуваат дневно да се внесуваат до 30 грама влакна. Многу е важно да бидете сигурни дека детето внесува и доволно течности, користејќи вода, чај и овошни сокови кои ја подобруваат столицата.

Кај доено доенче изметот е мек, има златно-жолта боја и киселкав мирис. Бројот на измети е обично 2 до 4 на ден, но постојат значителни разлики. Здраво доено доенче може да има 4 до 6 празнења дневно, но нормално е и кога се празни и еднаш неделно, доколку празнењето е без напор, а изметот е нормален по количество и густина. Доенчињата на вештачка исхрана имаат поцврст измет, просечно 2 пати дневно, во споредба со доените деца. Ако изметот е мек и со нормален волумен, а празнењето не е со напрегање и болка, не е битно на колку дена доенчето се празни.

Важно е да се напомене дека и вежбите кај дечињата ја помагаат дигестијата. Забрането е користење на лаксативни средства, но доколку проблемот со столицата потрае најдобро е да се консултирате со педијатар.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет