cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Инфекции на уринарниот тракт кај деца

Инфекциите на уринарниот тракт се меѓу почестите бактериски инфекции во детската возраст.

Инфекции на уринарниот тракт кај деца

Иако често се сметаат за лесни, ако не се препознаат и третираат навреме, можат да доведат до компликации. Затоа е важно родителите да ги знаат симптомите, причините и начинот на превенција.

 

Што претставува уринарна инфекција?

Тоа е инфекција на дел од уринарниот систем: бубрезите, мочниот меур и уретрата

Најчесто е предизвикана од бактерии од дигестивниот тракт.

 

Симптоми кај деца

  • Симптоми кај помали деца и бебиња:

-        покачена температура без јасна причина,

-        раздразливост,

-        намален апетит,

-        повраќање.

  • Симптоми кај поголеми деца:

-        болка или печење при мокрење,

-        зачестено мокрење,

-        болка во долниот дел на стомакот,

-        матна или непријатно миризлива урина.

 

Зошто се појавуваат уринарните инфекции?

Причини за нивна појава се: недоволна хигиена, запек, задржување на урина, предиспозиции, а кај девојчињата и пократка уретра.

 

Како се дијагностицира?

Дијагнозата се врши преку: анализа на урина, уринокултура, а во некои случаи се вршат и дополнителни испитувања.

 

Третман

  • Се препишува нтибиотска терапија од страна на лекар.
  • Се препорачува поголем внес на течности.
  • Повеќе одмор и внимателно следење на симптомите.

 

Превенција

Заштитата од овие инфекции поаѓа од секојдневните навики како: редовна и правилна хигиена, бришење од напред кон назад, редовно мокрење, доволен внес на водаи избегнување тесна и синтетичка облека.

 

Кога да се јавите на лекар?

  • Ако детето има висока температура без причина.
  • Ако чувствува болка при мокрење.
  • При повторувачки инфекции.

 

Иако уринарните инфекции кај деца се чести, со навремено препознавање и правилен третман најчесто се решаваат без последици. Клучот е во вниманието кон симптомите и создавање здрави навики уште од најрана возраст.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет