cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Како да се справите со детскиот бес?

Детскиот бес е нормален дел од растењето. Иако за родителите може да биде исцрпувачки, нападите на лутина најчесто се начин детето да покаже дека не знае како поинаку да ги изрази своите емоции.

Како да се справите со детскиот бес?

Важно е да се реагира смирено, а не со викање и казни.

 

Дознајте што стои зад бесот

Децата често не умеат да објаснат што чувствуваат.

Бесот може да биде резултат на: замор, глад, љубомора, страв, потреба за внимание, преголема возбуда или пак фрустрација.

Кога родителот ќе ја препознае причината, полесно ќе реагира правилно.

 

Останете смирени

Кога детето вика, плаче или фрла предмети, најважно е возрасниот да не ја „запали“ ситуацијата дополнително.

Наместо да викате, да се заканувате и да го казнувате детето во афект подобро е да зборувате тивко, да му покажете дека сте тука за него и да му се обратите со кратки и јасни реченици.

Смирениот родител му помага на детето побрзо да се смири.

 

Поставете граници

Разбирањето на емоциите не значи дозволување на лошо однесување.

Детето треба да знае дека е во ред да биде луто, но не е во ред да удира, гризе или навредува.  

Јасните и доследни правила создаваат чувство на сигурност.

 

Научете го детето да ги именува емоциите

Малите деца често не знаат што чувствуваат.

Помогнете му со реченици како:

  • „Гледам дека си лут.“
  • „Те налути тоа што не можеше да ја добиеш играчката.“
  • „Во ред е да бидеш тажен.“

Со време, детето учи подобро да се изразува наместо да реагира со бес.

 

Не попуштајте за да престане плачењето

Ако секој напад на бес завршува со исполнување на желбата, детето учи дека така најлесно го добива тоа што го сака.

Наместо попуштање покажете разбирање, но останете доследни, односно држете се до правилото што сте го поставиле.  

 

По смирувањето на детето, разговарајте

Најважниот момент не е за време на бесот, туку после него.

Откако детето ќе се смири пофалете го дека се смирило, објаснете што било погрешно и воедно разговарајте како можело поинаку.

Така детето постепено учи контрола на емоциите. 

 

Детскиот бес не е знак за лошо дете, туку е дел од емоционалниот развој. Со трпение, смирен пристап и јасни граници, родителите му помагаат на детето да научи како здраво да ги изразува своите чувства, а тоа е вештина што ќе му биде важна целиот живот.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет