Твоето тело сеуште се опоравува. Витамини и минерали важни за мајките по породувањето
Првата година по породувањето е период на интензивни физички и емоционални промени. Телото на мајката се опоравува од породувањето, а истовремено произведува млеко кое е основната хранa на бебето.
Во овој период, правилната исхрана и внесот на витамини и минерални се клучни за енергија, имунитет и добро здравје.
Клучни витамини за мајките по породувањето
1. Витамин D
- Зошто е важен? Помага за апсорпција на калциум и јачина на коски.
- Кои се изворите? Сончева светлина, масна риба како лосос, скуша, јајца, обогатено млеко.
- Совет: Многу мајки имаат недостаток на витамин D, па понекогаш е потребна и дополнителна суплементација.
2. Витамин B12
- Зошто е важен? Го поддржува нервниот систем и создава енергија.
- Кои се изворите? Месо, риба, јајца, млеко, млечни производи.
- Совет: Вегетаријанките и веганките треба да размислат за додатоци, бидејќи растителната храна ретко содржи B12.
3. Фолна киселина (витамин B9)
- Зошто е важна? Помага за поправка на ткивата и здравјето на нервниот систем.
- Кои се изворите? Зелен зеленчук како спанаќ, брокула и слично, леќа, грав, цитруси.
4. Витамин C
- Зошто е важен? Го поддржува имунитетот и помага за апсорпција на железо.
- Кои се изворите? Цитруси, киви, црвен пипер, брокула.
5. Витамин A
- Зошто е важен? Го одржува здравјето на очите и кожата, го поддржува имунитетот.
- Кои се изворите? Жолто и портокалово овошје, морков, сладок компир, зелена зелка.
Клучни минерали за мајките по породувањето
1. Калциум
- Зошто е важен? Ја одржува јачината на коски и заби, и е важен за мускулната функција.
- Извори: млеко, јогурт, сирење, бадеми, зелена зелка.
2. Железо
- Зошто е важно? Помага за производство на хемоглобин и спречува анемија.
- Извори: месо, риба, леќа, спанаќ.
- Совет: Железото се апсорбира подобро ако се комбинира со витамин C.
3. Јод
- Зошто е важен? Ја поддржува функција на штитната жлезда и развој на нервниот систем кај бебето.
- Извори: јодирана сол, риба, млечни производи.
4. Магнезиум
- Зошто е важен? Го намалува уморот, го поддржува нервниот систем и мускулите.
- Извори: јаткасти плодови, семки, темнозелен зеленчук.
5. Цинк
- Зошто е важен? Ја поддржува имунолошката функција и заздравувањето на ткивата.
- Извори: месо, риба, јаткасти плодови, семки.
Практични совети за мајките
- Имајте разновидна исхрана. Комбинирајте месо, риба, млечни производи, овошје, зеленчук, јаткасти плодови и семки.
- Внесувајте доволно течности како вода и природни течности, особено ако доите.
- Малите, но чести оброци помагаат за одржување на енергија и стабилно ниво на шеќер во крвта.
- Дополнителни витамини се потребни понекогаш, особено ако диетата е ограничена или ако е има недостаток.
Првата година по породувањето е период на опоравување и адаптација. Правилниот внес на витамини и минерали не само што го поддржува здравјето на мајката, туку и обезбедува квалитетно млеко за бебето.
Разновидна и балансирана исхрана, редовни контроли и свесност за потребите на телото се клучот за здрав и енергичен почеток на новата улога.





