cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Како да останете тим кога доаѓаат децата?

Доаѓањето на дете е еден од најубавите моменти во животот, но истовремено и еден од најголемите тестови за партнерството.

Како да останете тим кога доаѓаат децата?

Одеднаш, фокусот што некогаш бил еден на друг се префрла на нешто многу мало, кревко и бара посветеност 24 часа на ден. Разговорите стануваат пократки, спиењето поретко, а времето за двајцата скоро да исчезне. И токму тогаш, многу парови се прашуваат: Како да останеме тим кога доаѓаат децата?

Секако дека е можно. Но, бара свесност, трпение и желба да се гради, а не само да се преживува.

 

1. Запомнете дека и двајцата се учите од почеток

Ниту една книга, ниту совет, ниту искуство не може целосно да ве подготви за новата улога. И двајцата сте нови во ова. Не очекувајте дека одеднаш ќе постигнете совршенство, туку дека ќе треба да учите секој ден нешто ново.

Кога ќе направите грешка, кога ќе се уморите, кога нешто ќе заборавите бидете љубезни еден кон друг.

 

2. Договорете се дека никој не е „главниот родител“

Често, без да се сфати, еден партнер презема повеќе обврски околу детето. Ова може да создаде чувство на исцрпеност кај едниот и чувство на исклученост кај другиот.

Решението е да разговарате отворено и да ги поделите обврските така што и двајцата ќе се чувствувате вклучено и поддржано.

Тим значи “ние двајца против проблемот”, а не „едниот прави сè, другиот помага“.

 

3. Малите гестови стануваат големи

Кога времето е ограничено, малите моменти добиваат најголема вредност. Подготвена шолја кафе кога другиот станува навечер. Прегратка без зборови. Едноставна благодарност „Гледам колку се трудиш, благодарам.“

Овие се невидливи нишки што ја држат врската жива.

 

4. Разговарајте

Разговарајте не само за списоци, пелени и купување млеко.
Разговарајте за чувствата, стравовите, притисокот, за тоа што ви недостасува.

Ова не мора да биде долг разговор. Понекогаш 10 искрени минути се повеќе од доволни.

 

5. Зачувајте го просторот за “ние двајца”

Дури и еднаш месечно, дури и 30 минути дневно, важно е да постои време само за вас како: прошетка без телефони, вечера дома кога детето заспива, гледање филм во тишина, свиткани еден до друг

 

6. Признајте дека љубовта се менува и дека тоа е во ред

По доаѓањето на детето, љубовта не исчезнува. Таа се продлабочува. Станува тивка, посилна, повеќе „ние“ и помалку „јас“. Таа љубов не е како на почеток. Таа е продлабичена, помудра и многу повредна.

 

Да се остане тим со доаѓањето на децата не значи да се прави се совршено. Значи да се избирате еден со друг секој ден, дури и кога сте уморни. Да се гледате во очи и да кажете:
„Сèуште сме ние. Само сега сме поголемо ние.“

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет