Што никој не ви кажува за првите месеци со бебето?
Сите зборуваат за радоста, за љубовта на прв поглед, за најубавиот период во животот.Но ретко кој зборува за другата страна онаа тивката, збунетата, уморната. Онаа што не се гледа на фотографиите.
Еве што најчесто никој не ви го кажува за првите месеци со бебето.
Љубовта од првиот ден
Некои родители чувствуваат силна поврзаност од првиот момент. Други постепено. И тоа е нормално. Некои мајки, па и татковци под влијание на целото искуство од бременоста и породувањето се носат со товар на одговорност, неизвесност и несигурност, па затоа е возможно таа силна поврзаност да дојде и по неколку дена, неколку недели, кога ќе го чуете првото гугање или кога вашето бебе ќе ве погледне свесно.
Исцрпеноста е подлабока отколку што сте замислувале
Ова не е обичен умор. Ова е умор што не поминува со една дремка и влијае на расположението и на начинот на размислување. Недостатокот на сон може да ве направи чувствителни, плачливи, раздразливи и тоа не значи дека сте лош родител.
Сомнежот станува секојдневие
„Дали јаде доволно?“
„Зошто плаче?“
„Дали правам нешто погрешно?“
Дури и најсамоуверените родители се сомневаат во себе. Родителството не доаѓа со упатство доаѓа со учење секој час, секој ден.
Телото ниту се враќа, ниту мора да се врати веднаш во форма
Телото што родило бебе поминало низ огромна промена. Притисокот да се вратите во форма може да биде болен и нереален.
Во првите месеци: телото заздравува, хормоните се менуваат, па така и енергијата се враќа постепено.
Телото не е проблем што треба да се реши туку приказна што заслужува време.
Можеш да се чувствувате осамено, дури и кога не сте сами
Посетителите доаѓаат и си одат. Бебето е постојано со вас. Но чувството дека сте сама со сè е реално. Осаменоста начи дека сте човек на кој му треба поддршка.
Партнерството се менува
Љубовта не исчезнува, но динамиката на врската се менува. Разговорите се пократки, трпението е покрстко, а времето за себе е минимално. Ова не е знак дека нешто не функционира, туку дека се адаптирате на нова улога.
Нема еден единствен и правилен начин да се биде родител
Совети ќе има од сите страни како да не го држите бебето, што да правите да го навикнете или не, што би правеле тие на ваше место.
Но вие и вашето бебе сте уникатна комбинација. Она што функционира за други, не мора да функционира за вас.
И покрај сè ќе има моменти што ќе те стопат
Малата рака што ве фаќа, мирисот на главата, првиот насмевка, не ги бришат тешките денови, но им даваат смисла.
Првите месеци со бебето не се само магија. Тие се мешавина од љубов, хаос, страв, нежност и растење заедно.
Ако понекогаш се чувствувате изгубено сетете се дека не сте сами. Ако не уживате во секој момент не значи дека сте лош родител. Вие учите.





