cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Триместри, што да очекувате месец по месец?

Иако бременоста трае околу 40 недели, најчесто се дели на три триместри и секој со свои карактеристики, предизвици и прекрасни моменти.

Триместри, што да очекувате месец по месец?

Овој текст е водич месец по месец за да знаете што е нормално и што да очекувате.

 

Прв триместар (1-3 месец) - почетокот на чудото

1. месец (1-4 недела)

  • Доаѓа до оплодување и имплантација.
  • Можно е да ги почувствувате и првите симптоми како: чувствителни гради, замор, лесна мачнина.
  • Хормоните почнуваат брзо да се менуваат.

2. месец (5-8 недела)

  • Срцето на бебето почнува да чука. Ова е голем момент дури и ако сè уште не го слушате.
  • Чести се утринските мачнини, промените во расположението, зголемена потреба за спиење.
  • Матката се зголемува, но стомакот сè уште не се забележува.

3. месец (9-12 недела)

  • Бебето веќе има создадени минијатурни органи, прстиња и лице.
  • Мачнините почнуваат да се намалуваат кај многу жени.
  • Може да се појави зголемен апетит.
  • Во овој месец ќе го направите и првиот важен преглед и крвни тестови.

 

Втор триместар (4-6 месец) - златниот период

4. месец (13-16 недела)

  • Многу жени се чувствуваат најдобро во овој период. Имаат повеќе енергија и подобро расположение.
  • Бебето почнува да се движи, но обично се уште не го чувствувате.
  • Стомакот полека почнува да се заоблува.

5. месец (17-20 недела)

  • Првите движења на бебето се чувствуваат како мали „пеперутки“, меурчиња или нежни удари.
  • Расте апетитот, па важно е да внимавате на квалитетната исхрана.
  • Можно е појава на пигментација на кожата како и потемнување на линијата на стомакот.

6. месец (21-24 недела)

  • Бебето почнува да слуша звуци, вашиот глас, срцето, околина.
  • Понекогаш се јавуваат грчеви и напнатост во нозете.
  • Матката расте и почнува да врши притисок на органите, па можно е побрзо да се заморувате.

 

Трет триместар (7-9 месец) - финалниот стадиум

7. месец (25-28 недела)

  • Движењата на бебето се посилни и почести.
  • Можно е да имате повеќе отоци, болки во долниот дел на грбот и потешкотии при спиење.
  • Во овој месец белите дробови на бебето интензивно созреваат.

8. месец (29-32 недела)

  • Бебето добива на тежина, а матката достигнува висок степен.
  • Поголем е заморот кај трудницата, краткото дишење, се зголемува киселината во желудникот.
  • Честите посети во тоалет стануваат дел од секојдневието.

9. месец (33-40 недела)

  • Бебето се мести со главата надолу кај повеќето жени.
  • Се појавуваат почести контракции „Бракстон Хикс“ и телото се подготвува за породување.
  • Емоциите се мешани од возбудa до страв и нетрпение.
  • Време е да ја подготвите торбата за болница и планот за породување.

 

Секој триместар носи нови предизвици, но и нови радости. Бременоста е едно од најуникатните искуства во животот и иако телото поминува низ огромни промени, секоја недела го носи бебето чекор поблиску до вас.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет