cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Тивка закана: телевизорот и детската тежина

Истражувањата сe почесто покажуваат дека присуството на телевизор во детската соба е поврзано со зголемен ризик од дебелина кај децата. Причината не е само во времето поминато пред екран, туку и во одредени навики што притоа се создаваат.

Тивка закана: телевизорот и детската тежина

Што се случува кога телевизорот е во собата?

  • Децата гледаат телевизија подолго, често без надзор, па се губи осет за времето поминато пред телевизор
  • Јадењето пред екран станува честа навика, често без контрола врз количината или квалитетот на храната. Одредени истражување покажуваат дека дебелината кај децата во овој случај доаѓа од гледање реклами за брза храна.
  • Се намалува физичката активност, особено играњето надвор и интеракцијата со други деца
  • Сонoт се нарушува, што дополнително влијае врз метаболизмот, апетитот, но и комплетното функционирање во текот на денот

Овој образец лесно станува начин на живот. Кога гледањето телевизија станува главна форма на забава, движењето, активностите и здравите навики се ставаат во втор план. Поради тоа се зголемува телесната тежина, а со тоа и ризикот од други здравствени проблеми.

Што можат да направат родителите?

  • Првенствено да бидат пример на своите деца со сопствениот однос кон технологијата
  • Да го ограничат времето пред екран
  • Да постават јасни граници, односно без телевизор во детската соба
  • Да понудат алтернативи: играње, читање, спорт, креативни активности

Телевизорот во детската соба не е само уред. Тоа може да стане лоша навика што носи последици. Со свесни избори и поддршка од родителите, децата можат да изградат поздрави навики кои ќе ги следат цел живот.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет