cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Технологија, надеж и живот - сe за чудото наречено IVF

Ин витро фертилизацијата (IVF) е едно од најголемите достигнувања на современата медицина. Тоа е процес кој им овозможува на илјадници парови низ светот да станат родители, дури и кога природното зачнување е тешко или невозможно.

Технологија, надеж и живот - сe за чудото наречено IVF

Што претставува IVF?

IVF (in vitro fertilization) буквално значи „оплодување во стакло“, процес во кој јајце-клетката и сперматозоидот се спојуваат надвор од телото, во лабораториски услови. Откако ќе се создадат ембриони, еден или два од најквалитетните се враќаат во матката, со надеж дека ќе дојде до успешна имплантација и бременост.

 

Како изгледа процесот чекор по чекор?

Хормонална стимулација
Жената прима хормони за да се поттикне созревањето на повеќе јајце-клетки наместо само една, како во природен циклус. Процесот се следи внимателно со ултразвук и крвни тестови.

Пункција на јајце-клетки
Кога клетките ќе бидат зрели, тие се вадат со нежна постапка под лесна анестезија.

Оплодување во лабораторија
Јајце-клетките се комбинираат со сперматозоиди. Ако е потребно, се користи и ICSI техника одностно микропроцедура при која еден сперматозоид директно се внесува во јајце-клетката.

Следење и избор на ембриони
Во наредните неколку дена се следи развојот на ембрионите, а ембриологот избира најздрави и најразвиени за трансфер.

Трансфер на ембрион во матката
Процесот е брз и безболен. Ембрионот се поставува во матката преку тенок катетер. Потоа следи период на исчекување и надеж и одговор на прашањето дали ќе дојде до имплантација.

 

Современата IVF медицина постојано напредува со подобрени лабораториски техники, генетски тестови на ембриони (PGT), замрзнување на јајце-клетки и ембриони, и минимално инвазивни постапки. Денес, шансите за успех се значително поголеми отколку пред само една деценија.

 

Можни ризици и предизвици

Како и секоја медицинска постапка, IVF носи свои ризици хормоналниот третман може да предизвика непријатност, а постои и можност процесот да не успее од првпат. Емоционалниот товар е исто така голем, па поддршката од партнерот и стручните лица е клучна.

 

Успех и надеж

Иако патот не е лесен, многу родители велат дека IVF им го променил животот. Технологијата не создава само ембриони, таа создава надеж, семејства и живот.
Секој позитивен тест, секоја прва насмевка на бебе родено по долг пат на борба е доказ дека љубовта и науката можат да одат рака под рака.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет