cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Стравот од породување и како да се надмине: Сe почнува од умотине

Породувањето е еден од најинтензивните, но и најубави моменти во животот на една жена. Сепак, за многу идни мајки, мислата на тој ден предизвикува страв, анксиозност и несигурност.

Стравот од породување и како да се надмине

Но, важно е да се знае дека стравот може да се надмине со правилна подготовка, информираност и поддршка.

 

Зошто настанува стравот од породување?

Стравот може да има повеќе извори:

  • Непознатото кое доаѓа поради прво породување, недостиг на информации или лоши приказни од други.
  • Стравот од болка како природен одговор на очекуваната физичка непријатност.
  • Кај многу жени се појавува страв дека нема да можат да го контролираат своето тело или емоции.
  • Претходно лошо искуство, ако мајката имала тешко прво породување или трауматичен медицински третман.

 

Признајте го стравот, не го потиснувајте

Првиот чекор кон надминување на стравот е да се признае дека тој постои. Многу жени се обидуваат да го игнорираат или да се убедат дека „не смеат да се плашат“, но тоа само ја зголемува анксиозноста. Разговарајте отворено со својот партнер, бабица или гинеколог. Тие можат да ти помогнат да ја разбереш ситуацијата подобро.

 

Подгответе го умот и телото

  • Запишете се на курс за породување. Разбирањето на процесот и фазите го намалува стравот од непознатото.
  • Контролираното дишење помага да се одржи смиреност и да се намали болката.
  • Лесни вежби, јога или прошетки го зајакнуваат телото и го подобруваат расположението.
  • Наместо да слушате негативни искуства, читајте или слушајте вистински приказни за позитивни породувања.

 

Партнерска и професионална поддршка

Партнерот игра огромна улога во процесот. Неговото присуство, охрабрување и смиреност можат да бидат најдобриот „природен лек“.
Исто така, изберете лекар или бабица со кои се чувствувате сигурно и поддржано. Кога има доверба, телото полесно се опушта и породувањето тече поприродно.

 

Природни начини за смирување

Многу жени користат музика, ароматерапија, топли бањи или масажа за да се подготват психолошки пред породувањето. Овие мали ритуали помагаат да се создаде чувство на контрола и сигурност.

 

Храброста не е отсуство на страв

Да се плашите не значи дека сте слаби. Напротив, тоа е дел од човечноста и од мајчинството. Вистинската храброст лежи во тоа да го препознаете стравот, да го прифатите и да му се спротивставите.


Запомнете, вашето тело е создадено за ова. Со вистинска поддршка и верба во себе, породувањето може да биде не само безбедно, туку и прекрасно искуство.

 

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет