Како да се подготвиш за третиот триместар? Практичен водич за мирна и убава завршница на бременоста

Третиот триместар е период кога возбудата расте, телото се менува побрзо од кога било, а мислите се насочени кон големиот ден.

Како да се подготвиш за третиот триместар?

Иако носи слатко исчекување, важно е добро да се подготвиш физички, емоционално и организациски. Еве што навистина помага.

 

1. Подготви го телото за финалните недели

- Прави нежни вежби и истегнувања. Пешачење, лесна јога за бремени или пилатес помагаат да се намали болката во грбот, да се подобри циркулацијата и да се подготват мускулите за породување.

- Прави вежби за карлично дно (Кегел). Овое вежби го зајакнуваат карличниот под, го олеснуваат породувањето и помагаат за побрзо закрепнување после раѓањето.

- Прави масажа на перинеумот. По 34тата недела оваа масажа може да помогне да се намали ризикот од раскинувања при породување.

 

2. Оброците и хидратацијате се многу поважни отколку што мислиш

- Јади мали, но чести оброци бидејќи гастритисот, надуеноста и киселините се чести во третиот триместар.

- Вклучи железо и магнезиум против грчеви, замор и нисок хемоглобин.

- Пиј доволно вода бидејќи дехидратацијата може да предизвика контракции.

 

3. Подготовките за болница направи ги порано, не во последен момент

- Спакувај ја торбата за болница околу 34тата недела со облека за тебе и бебето, документи, хигиена, полнач за телефон со еден збор сè што ќе ти треба за првите 24 до 48 часа.

- Ако сакаш хаправи план за породување. Не мора да биде долг, но може да вклучи желби за: положби при породување, присутна личност на породувањето, болничка поддршка контакт кожа на кожа по раѓањето

- Подготви ги документите како матична книшка, упатства од гинеколог, резултати од последните прегледи.

 

4. Подготви го домот и просторот за бебето

- Набави ситници што ти требаат за почеток како: креветче или колевка, пелени, облека, термометар, средства за хигиена.

- Направи мал „штанд за пресоблекување“ подготбен со пелени, влажни марамчиња и алатки на дофат за да секојдневието со бебе ти биде многу полесно.

 

5. Менталната подготвеност е најчесто занемарена, а е најважна

- Разговарај за своите стравови. Нормално е да чувствуваш страв од болка, од непознато или од родителството. Разговор со партнер, дуле или советник навистина помага.

- Практикувај техники за дишење и релаксација. Тие го смируваат телото и умот во моментите кога ќе почнат контракциите.

- Постави си реални очекувања бидејќи родителството е процес, па не мора да знаеш сè од првиот ден.

 

6. Заврши ги сите важни медицински контроли

- Направи ултразвук во третиот триместар за следење на растот, положбата на бебето и количината на плодова вода.

- Направи тест за гестациски дијабетес ако не е направен. Овој тест обично се прави околу 28та недела.

- Следи го крвниот притисок и отоците за да се спречи прееклампсија.

 

7. Подготви го партнерот и блиските

Не си сама во овој процес. Договорете: кој ќе ви помага во првите денови, кој ќе ги средува административните обврски и кој ќе го преземе дел од домашните задачи. Овој дел прави огромна разлика во твоето закрепнување.

 

8. Дозволи си да одмориш

Во третиот триместар телото троши многу енергија и за тебе и за бебето. Спиј на страна најчесто на лева за подобра циркулација и помал притисок врз органите. Слушај го сопственото тело бидејќи Одморот во овој период е потреба.

 

Третиот триместар не е само крај на бременоста туку и почеток на едно ново поглавје. Со малку организираност и грижа, можеш да влезеш во породувањето смирена, подготвена и со поголема самодоверба.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет