cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Кога бременоста не е „само нормална“? Симптоми кои бараат внимание

Бременоста е природен и неверојатен процес, но тоа не значи дека секој симптом треба да се игнорира. Иако многу промени во телото се нормални, постојат одредени знаци кои можат да укажуваат на потенцијален ризик за мајката или бебето.

Кога бременоста не е „само нормална“?

Познавањето на овие сигнали е клучно за безбедна бременост.

 

1. Болка која не се смирува

Болка во стомакот или долниот дел на грбот е честа во бременоста, но силна или болка која нагло се појавува не е нормална. Ако болката е интензивна, постојана или се придружува со други симптоми како крварење, веднаш треба да се јавите на лекар.

2. Крварење или необичен исцедок

Лесно крварење на почетокот на бременоста може да се случи, но секое крварење подоцна, особено ако е придружено со болка, треба да биде испитано. Исто така, промени во бојата, мирисот или количината на вагиналниот исцедок можат да укажуваат на инфекции или други компликации.

3. Намалено или отсутно движење на бебето

Откако ќе се почуствуваат првите движења на бебето обично околу 18-20 недела, намалувањето на активноста може да биде предупредувачки сигнал. Секогаш е важно да се следи активноста на бебето и да се јавите на гинеколог ако се забележи значително намалување.

4. Висока температура или треска

Високата температура или треска може да укажува на инфекција која може да влијае на мајката и бебето. Не ги игнорирајте симптомите и консултирајте се со лекар.

5. Главоболка, заматен вид или оток

Силни главоболки, заматен вид или оток на лице, раце и нозе може да се јават како знак на прееклампсија, сериозна состојба која бара итна медицинска интервенција. Овие симптоми не треба да се игнорираат, дури и ако изгледаат благи.

6. Постојано повраќање и дехидратација

Повраќањето е нормално во првите недели, но ако е упорно и не дозволува внес на течности или храна, може да доведе до дехидратација и недостаток на хранливи материи, што е опасно за мајката и бебето.

 

Бременоста е уникатно искуство за секоја жена, но телото понекогаш испраќа предупредувачки сигнали кои не смее да се игнорираат. Редовните контроли кај гинеколог, внимателното следење на симптомите и побарувањето на медицинска помош кога е потребно, се најдобриот начин да се обезбеди безбедноста на мајката и бебето.

Подобро е да се јавите на лекар и да бидете спокојни, отколку да игнорирате симптом кој може да биде сериозен.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет