cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Старата VS новата љубов

Една од најчестите грешки, што мажот или жената ги прават додека тече постапката за развод, или малку потоа, е да започнат романтични состаноци со друг

Старата VS новата љубов

 

 

Можеби мислите колку би било прекрасно, ако по негативните искуства со разводот, си најдете нов пријател/ка, или дури да го сретнете мажот или жената од своите соништа. Во пракса постојат многу вакви случаи. За жал сите вакви случаи немаат среќен крај.  Вистина е дека емоционалните рани и чувството на празнина по разводот се толку големи што мажите и жените го губат чувството за реална проценка. Така брзо, за да ги излечат своите рани, скокаат во прегратките на погрешен човек.

Важно е да се запрашате дали е добро веднаш после разводот да започнете нова врска, или да почекате да заврши процедурата околу разводот?

Дали не е подобро да ги одложите состаноците за малку, додека не се чувствувате сигурни и емоционално стабилни?

 

Во интерес на децата

Кога ќе започнете периодични средби со нов партнер, тоа ќе биде исклучително болно за Вашиот поранешен сопруг/сопруга, а најмногу за децата. Разочараниот партнер најверојатно ќе најде начин да ги покаже болката и гневот и тоа нема да биде во интерес на децата. Дури и по конечната разделба треба да продолжите да се гледате токму заради децата. Затоа е добро односите да Ви останат пријателски. Ова може да се случи ако започнете состаноци со нов партнер најрано по неколку месеци од разводот. Новата врска нема да ја излечи, туку ќе ја продлабочи Вашата емоционална нестабилност.

 

Глас на законот

Добро е да не заборавите дека разводот настапува дури откако судот ќе донесе одлука. Ако пред овој момент започнете врска, тоа може да се користи против Вас.

 

Емоции

Емоциите за време на развод се како разбранувано море. Степенот на самодоверба, веројатно Ви е многу намален. Благодарение на новата врска може да се чувствувате подобро, но тоа е само привремено. Порано или подоцна ќе мора да се соочите со фактите. Дури и ако Ви е добро во прегратките на новиот партнер, мора да го преиспитате својот живот и да ги разберете причините кои доведоа до крај на Вашиот брак. За време на разводот сте изложени на стрес. Ова е момент во кој не се манифестира Вашето вистинско јас. Точно е дека почнувајќи нова врска уживате во чувството да сте сакани и посакувани, но тоа е само желба за позитивни емоции. Замислете колку поразлично би се однесувале доколку не сте изложени на таков интензивен стрес.

 

Каде е љубовта?

Кога човек е изложен на стрес, го губи чувството за трезвена проценка и потсвеста почнува да го идеализира новиот партнер. Дури и да верувате дека сте ја сретнале љубовта на својот живот, почекајте некое време. Ако човекот кој го сретнавте е навистина за Вас, чувствата ќе преживеат подолго време. Почекајте да бидете емоционално постабилни и малку да го средите сопствениот живот.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет