Среќата што не може да се купи
Постојат прашања на кои човек постојано се навраќа, без разлика на времето и генерациите. Едно од нив е дали парите навистина носат среќа?

Тие ни овозможуваат да ги задоволиме основните потреби, да патуваме, да уживаме во убавини, да подаруваме и да создадеме подобра иднина. Но, истовремено, животот нè учи дека вистинската среќа не може да се купи. Tаа се гради во срцето, во односите и во моментите што немаат цена.
Парадоксот е во тоа што колку повеќе трчаме по нешто надворешно, толку повеќе губиме контакт со внатрешниот мир. Парите се алатка, но не и извор. Можат да ви купат кревет, но не и сон, куќа, но не и дом, луксуз, но не и љубов.
Вистинската среќа најчесто се крие во наједноставните нешта: во чувството на благодарност на крајот од денот, во искрениот разговор со близок човек, во тоа што можете да бидете свои без страв.
Афирмација за денес:
„Имам сè што ми е потребно во овој момент. Среќата не ја барам, туку ја препознавам во секојдневието.“
Пари, сигурност, удобност сето тоа има своја важност. Но, она што нè прави вистински исполнети е чувството дека живееме со смисла, љубов и благодарност.
Запомнeте богатството не се мери во тоа колку имате, туку во тоа колку умеете да цените.
Денес потсетете дека највредните нешта не се во вашио џеб, туку во вашето срце.
Ваша Рингераја.