Добрината - најсилниот јазик на човечноста
Колку пати некој ти помогнал со мала работа и ти го направил денот подобар? Тоа е добрината, најмоќната валута што сите ја имаме. И најубавото е што не се троши кога ја делиме, туку расте.

Добрината не чини ништо, а вреди сè
Една насмевка, еден збор „фала“, помош кога никој не очекува се малите нешта што го држат светот на површина. Понекогаш токму тие мали гестови се светлината што му треба некому во најтежок ден.
Секој гест создава бранови
Истражувањата покажуваат дека добрината е заразна.
Кога некој ќе направи добро дело, другите имаат трипати поголема веројатност и самите да направат нешто слично.
Една постапка може да поттикне синџир на убавина кој патува подалеку отколку што замислуваме.
Добрината не значи наивност како што честопати знаеме да ја карактеризираме. Добрината е избор да бидеш светлина, дури и кога околу тебе има темнина. Да зборуваш нежно кога е полесно да се критикува. Да простиш, кога гордоста те влече во тишина.
Секоја добра мисла, секоја насмевка, секое „благодарам“ е како капка што создава бранови на убавина што патуваат подалеку отколку што можеме да замислиме.
Афирмација за денес:
„Јас бирам да бидам љубезен/на. Со своите дела, зборови и присуство, внесувам светлина во овој свет.“
Замисли свет каде секој човек одвојува само еден миг за добрина, колку полесно би било да се дише, колку повеќе топлина би имало меѓу нас.
Не е потребна голема промена. Доволна е една мала, направена со љубов.
Добрината е јазик што секое срце го разбира.
И кога ја споделуваш, не само што го менуваш светот туку се менуваш и себе си.
Ваша Рингераја.