Спречување незгоди во домот

Вашиот животен простор е преполн со најразлични опасности за најмалите. Следува список на најчестите опасности, кои се виновни за многу несреќи во вашиот дом.

Спречување незгоди во домот

Вашиот животен простор е преполн со најразлични опасности за најмалите.

Следува список на најчестите нешта кои претставуваат опасност за многу несреќи во вашиот дом. Можете да ги избегнете со многу мала работа и со помош на најосновен прибор.

Место: Штекери за струја
Опасност: Струен удар
Решение: Сигурносни поклопувачи кои целосно го прекриваат штекерот во време кога не го користите. Ако употребувате продолжни кабли внимавајте делот каде што се вклучува кабелот да не е достапен на детето. Поставете го позади шкафот или некаде високо каде што детето не може да го достигне.

Местo: Прозорци
Опасност: Пад од прозорец
Решение: Треба да се погрижите прозорецот да не се отвора лесно и отворот кој го има да не биде премногу голем за да може детето да помине низ него. Постојат пластични делови кои се фиксираат на отворот и тие можете да ги купите во продавниците.

Место: Врата
Опасност: Достапност од други опасности
Решение: Погрижете се сите врати добро да се затвораат и вашите деца да не можат да ја дофатат кваката дури и кога се на столче и сл. Ако тоа може да го направат, додадете на врвот од вратата дополнителна заштита која ќе спречи отворање.

Место: Фиоки
Опасност: Вклештени прсти или достапност за опасни работи во фиоките
Решение: Како и за прозорите, и за фиоките постои заштита која може да ја пронајдете во продавниците. Ставете ја на врвот од фиоките и така оневозможете го нејзиното потполно отворање.

Место: Скали
Опасност: Пад
Решение: Овој проблем може да го решат вратата на врвот и дното на скалите.

Место: Ограда на скалите
Опасност: Пад
Решение: Ако растојанијата на оградата се толку големи да детето може да се провлече низ нив, додадете и попречни линии или нешто слично на тоа.

Место: Купатило
Опасност: Давење во вода
Решение: И за WC школката (кога не е во употреба) постојат различни безбедносни додатоци кои спречуваат нејзиниот капак да се подигне.

Место: Када
Опасност: Давење и модрици
Решение: За дното набавете гумена подлога, а металните делови прекријте ги со заштитен материјал кој ќе спречи евентуален пад.

Место: Шпорет
Опасност: Изгореници
Решение: Заштитете ги копчињата на шпоретот за детето да не може да го вклучи.

Место: Шкафче со средства за чистење
Опасност: Труење
Решение: Иако вратите на фиоката и чкафчињата се заштитени, заради максимална безбедност се препорачува таквите работи да ги тргнете надвор од дофатот на детето.

 

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет