cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Кога детскиот апетит не е само фаза. Хормонални нарушувања зад наглото дебелеење кај децата

Во последните години, се повеќе родители забележуваат дека нивното дете нагло се здебелува, дури и кога не внесува многу храна.

Кога детскиот апетит не е само фаза

Иако во најголем дел од случаите причината е неправилна исхрана и недостиг на физичка активност, понекогаш зад ова стојат хормонални нарушувања кои не треба да се игнорираат.


Како хормоните влијаат на телесната тежина?

Хормоните се „гласници“ кои го контролираат метаболизмот, апетитот, растот и енергијата. Кога нивниот баланс е нарушен, покрај другите пореметувања, доаѓа и до складирање маснотии на необичен начин, дури и без промена во исхраната.

Некои од најчестите хормони поврзани со зголемување на тежината се:

  • Инсулин. Кога телото станува отпорно на него, шеќерот во крвта не се користи правилно и се претвора во масти.
  • Тироидни хормони (TSH, T3, T4). Забавената работа на тироидната жлезда (хипотироидизам) може да предизвика бавен метаболизам.
  • Кортизол или „хормонот на стресот“. Овој хормон при хронично покачени нивоа поттикнува таложење масти, особено во пределот на стомакот.
  • Лептин и грелин, хормони кои го регулираат чувството на ситост и глад. Нивната нерамнотежа може да доведе до прекумерно јадење.


Кога треба да се посомневате во хормонален проблем?

Родителите треба да бидат внимателни ако детето:

  • добива на тежина иако не јаде многу,
  • изгледа подуено, со забавен раст или појава на отеченост,
  • често е уморно, поспано или раздразливо,
  • има сувa кожа, слаб апетит, запек или проблеми со концентрација,
  • покажува прерано или задоцнето пубертетско развивање.

Во такви случаи, потребно е консултирање со педијатар-ендокринолог и лабораториски испитувања на хормоните.


Како да се помогне?

  1. Редовни оброци и здрава исхрана. Внесување на помалку шеќери и заситени масти, повеќе зеленчук, протеини и вода.
  2. Движење секој ден барем 30-60 минути и други активности како игра, возење велосипед, танцување.
  3. Ограничено време пред екран бидејќи предолго седење го забавува метаболизмот.
  4. Доволно сон бидејќи хормоналниот баланс се обновува токму во текот на спиењето.
  5. Редовни контроли кај педијатар особено ако се забележуваат промени во апетитот, расположението или растот.


Хормоналните нарушувања кај децате не се секогаш лесно препознатливи, но наглото и необјасниво дебелеење е знак што не треба да се игнорира.

Раното откривање и третман не само што го стабилизираат метаболизмот, туку и го заштитуваат детето од идни здравствени компликации.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет