cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Совршен утрински старт: Палачинки со банана и чиа семе

Ако мислевте дека вкусното и здравото не одат заедно, време е да ги запознаете овие палачинки!

Совршен утрински старт

Направени со само неколку природни состојки. Палачинките со банана и чиа семе се идеален избор за оние кои сакаат лесен, нутритивен и енергетски богат оброк. Без рафиниран шеќер, со висока содржина на растителни влакна, овие палачинки не само што ќе ве заситат, туку и ќе го разбудат вашиот метаболизам уште од самиот старт на денот.

Подгответе тавче, згмечете банана, додадете неколку волшебни зрна чиа и уживајте во здрава верзија на омилениот појадок!

Состојки:

  • 2 зрели банани
  • 2 јајца
  • 3 лажици чие семе
  • 1/2 шолја овесни снегулки (може и интегрално брашно)
  • 1/2 кафена лажичка прашок за печиво
  • Малку цимет (по желба)
  • Масло за јадење (кокосово или маслиново)

Подготовка:

  1. Во сад, пасирајте ги бананите со вилушка додека да добиете пире.
  2. Додајте ги јајцата и добро измешајте.
  3. Во смесата додајте го чието семе, овесните снегулки, прашокот за печиво и циметот.
  4. Оставете ја смесата да отстои 5-10 минути за да набабри чието семе.
  5. Загрејте тава на средна температура и малку намастете со масло.
  6. Со лажица ставајте мали количини од смесата и пржете по 2-3 минути од секоја страна додека палачинките да добијат златна боја.
  7. Послужете ги со јогурт, свежо овошје или мед.

Зошто овие палачинки се здрав избор?

  • Бананата е природно слатка и богата со калиум и влакна.
  • Чието семе е одличен извор на омега-3 масни киселини, протеини и антиоксиданти.
  • Овесните снегулки го поддржуваат варењето и даваат чувство на ситост.

Уживајте во вкусниот и нутритивен појадок!

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет