cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Шеќерот во крвта кај бремените жени: Скриен ризик што не треба да се игнорира

Бременоста е период исполнет со радост, исчекување и природни промени во телото. Но, покрај редовните ехо прегледи и мерењето на притисокот, постои уште еден клучен параметар кој не смее да се занемари – нивото на шеќер во крвта.

Шеќерот во крвта кај бремените жени

Што е гестациски дијабетес?

Гестацискиот дијабетес е тип на дијабетес кој првпат се појавува за време на бременоста. Тоа се случува кога хормоните на плацентата го блокираат дејството на инсулинот, што резултира со покачено ниво на шеќер (глукоза) во крвта. Најчесто се развива во вториот или третиот триместар и исчезнува по породувањето, но не секогаш без последици.

Зошто е важно да се следи?

Неконтролираниот шеќер во крвта може да предизвика сериозни компликации како:

  • прекумерен раст на бебето (макросомија),
  • висок крвен притисок кај мајката (прееклампсија),
  • прерано породување,
  • зголемен ризик за царски рез,
  • хипогликемија кај новороденчето,
  • развој на дијабетес тип 2 кај мајката и детето подоцна во животот.

Како се открива гестацискиот дијабетес?

Најчесто, помеѓу 24-та и 28-та недела од бременоста, гинекологот препорачува орален гликозен толерансен тест (ОГТТ). Тоа значи пиете раствор со гликоза, па по 1 до 2 часа се мери шеќерот во крвта. Ако вредностите се повисоки од нормалното, се поставува дијагноза на гестациски дијабетес.

Како се контролира?

Контролата започнува со:

  • здрав план на исхрана кој вклучува: сложени јаглехидрати, зеленчук, протеини, а треба да се избегнуваат преработени производи;
  • редовна физичка активност (пешачење, лесни вежби за трудници);
  • редовно мерење на гликозата со апарат дома;
  • доколку е потребно – инсулинска терапија препишана од лекар.

Дали можете да го почуствувате гестацискиот?

Најчесто, не дава симптоми, што го прави тивок, но потенцијално опасен. Затоа е важно секоја трудница навремено да направи скрининг, дури и ако нема претходна историја на дијабетес.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет