cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Совети за убави раце и нокти. Мала рутина со голем ефект

Рацете се едни од првите делови од телото што ги забележуваме кај другите и први ги покажуваат годините, навиките и грижата за себе. А убавите нокти не се само естетика, туку и знак за здравје.

Совети за убави раце и нокти

Со неколку едноставни навики може да имате раце и нокти кои изгледаат негувано секој ден, без скапи третмани.

 

1. Хидратацијата е половина од грижата

Кремата за раце треба да е ваш најдобар пријател.
Користете ја: после миење раце, пред спиење, a I секогаш кога чувствувате затегнатост на кожата.

Најдобри се креми со: шеа путер, глицерин, уреа, алантоин. Овие состојки ја смируваат кожата, ја прават помека и го намалуваат пукањето.

 

2. Правилно кратење на ноктите

Преголемото сечење или агресивното обликување може да доведе до кршење.
Најдобро е да: ги кратите ноктите право или благо заоблено, да ја користите турпијата во една насока, не напред-назад.

Ова го спречува раслојувањето на ноктот и ја зајакнува неговата структура.

 

3. Кожичките не се за сечење

Кутикули имаат заштитна функција. Тие ги штитат ноктите од инфекции.
Наместо да ги сечете омекнете ги со масло, па нежно потиснете ги со стапче од дрво. Исто така редовно хидрирајте ги.

Ова дава чист и уреден изглед, без иритации и повреди.

 

4. Носете ракавици за секојдневни задачи

Миењето садови, чистењето со средства, па дури и миењето на овошје или зеленчук со ладна вода ја суши кожата и ги оштетува ноктите.

За целосна заштита користете: гумени ракавици за чистење, а и памучни ракавици навечер со богата крема за длабока хидратација.

 

5. Масло за нокти, со мала капка, голема разлика

Маслото за нокти е најпотценет производ.
Со негова редовна употреба: ноктите добиваат сјај, стануваат поеластични и отпорни, кожичките се смируваат.

Најдобри масла се: бадемово, арганово, кокосово или масло од јојоба.

 

6. Избегнувајте агресивни средства

Ацетоните и средствата за чистење што содржат алкохол ја сушат кожата и ги ослабнуваат ноктите.
Одберете нежен одстранувач без ацетон особено ако често користите лак.

 

7. Ноктите сакаат пауза

Кога постојано имаат слој од гел, лак или акрилик, ноктите стануваат кршливи.
Дајте им пауза од 3 до 7 дена секој месец за да „дишат“, да се регенерираат и да ја вратат природната сила.

 

8. Исхраната е тајното оружје за убави нокти

За здрави, цврсти нокти важни се: биотинот кој го има во јаткасти плодови, јајца, банани, протеини, цинк и железо.

Исто така пијте доволно вода бидејќи дехидратацијата буквално ги суши ноктите.

 

9. Масажи за подобра циркулација

Масирајте ги дланките и прстите со крема или масло еднаш до два пати дневно.
Ова: ја подобрува циркулацијата, го забрзува растот на ноктите, спречува вкочанетост и сувост.

 

10. Чисти нокти без агресивно четкање

Малку топла вода и мека четка се сосема доволни.
Агресивното чистење со остри предмети создава мини пукнатини каде лесно може да се насоберат бактерии.

 

Убавите раце и нокти не се привилегија туку рутина. Со неколку едноставни навики што одземаат само неколку минути дневно, вашите раце може да изгледаат елегантно, женствено и негувано.
Конзистентноста е најважна малите чекори во секојдневната грижа создаваат најголеми резултати.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет