Сок од калинка наместо виагра?!

Мажите и жените, кои секојдневно пијат по една чаша сок од калинка, го зголемуваат нивото на тестостерон во организмот, ефект кој се постигнува со вијагра

Сок од калинка наместо виагра?!

 

 

Зголемените концентрации на споменатиот хормон водат до засилување на сексуалната желба и кај двата пола. Калинката ја препорачуваа истражувачите при Универзитетот “Queen Margareth” од Единбург, како еден од најдобрите природни афродизијаци, пренесува hotnews.bg

Научниците спровеле истражување врз 58 доброволци на возраст од 21 – 64 години, во тек на две седмици. Испитаниците секој ден пиеле по една чаша сок од калинка. На крајот на периодот за набљудување нивото на тестостерон во крвта значително им се зголемил на сите  испитаници.

 

kalinka

 

Кај мажите била забележана поголема влакнетост, задебелен глас и повишено либидо. Кај жените исто така била констатирана зголемена сексуална желба и заздравување на коските и мускулите. Како спореден ефект, тестостеронот го подобрувал расположението и смислата за хумор, а го намалувал стресот.

Претходните истражувања за сокот од калинка укажуваат на високото ниво на антиоксиданси, кои го подобруваат имунитетот, штитат од срцеви заболувања и го регулираат крвниот притисок.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет