Собираме и рекреираме во градинката Јасна Ристеска

clock-img

22.12.2017

Градинката „Јасна Ристеска“беше домаќин на Битолското Чупе и првата работилница во Охрид за зачувување на животната средина

Собираме и рекреираме во градинката Јасна Ристеска

 

Со многу игра, смеа, забава и сала полна радост и насмевки од дечињата од градинката „Јасна Ристеска“, се одржа првата едукативна и креативна работилница во Охрид во рамки на големиот проект „Собираме и ре-креираме со Бимилк“.

 

Главната улога во работилницата ја имаше омилениот лик на Битолското Чупе, која низ игра и песна ги забавуваше дечињата, но и на креативен и интерактивен начин ги учеше за важноста од зачувување на животната средина и стекнување здрави навики уште од најрана возраст.

 

Работилницата се одржа во клонот „Развигорче“ на градинката во присуство на повеќе од 150дечиња, кои во претходниов период собираа празни амбалажи од Битолско млеко и од нив понатаму изработуваа разни корисни предмети, со цел уште од мали години да стекнат навики за грижа за природата.

 

„Денес и официјално започнуваме со проектот „Собираме и ре-креираме со Бимилк“, односно со реализација на работилниците на терен. Градинката „Јасна Ристеска“ каде што сме денес е всушност првата градинка која учествува во проектот и среќни сме што токму градот Охрид е наш домаќин за почеток на овој голем хуманитарен проект, а уште посреќни сме што успеавме заедно со Битолското Чупе малку да им го разубавиме денот на овие дечиња“, изјави Дарко Апостолов, маркетинг асистент во Бимилк.

 

Инаку ова беше првата од вкупно 12 работилници кои во текот на декември ќе се одржуваат ширум Македонија, а во целиот проект се вклучени близу 2.000 деца.

 

Покрај многуте едукативни аспекти на овој проект, тој истовременоима цел да ја поттикне и хуманоста кај децата бидејќи на крајот предметите кои тие ги изработиле ќе бидат изложени на голем хуманитарен базар на кој собраните средства ќе бидат донирани за СОС Детско село Македонија.

 

„Собираме и ре-креираме со Бимилк“ е најавен како пилот-проект штоги покрива градинките од голем дел од територијата на Македонија, меѓутоа од компанијата велат дека нивната заложба е да продолжи да живее и во наредните години, со цел пораките за чување на животната средина, негување на здравјето и поттикнување на хуманоста да допрат до колку што е можно поголем број деца од цела Македонија.

 

1

 

2

 

3

 

4

 

5

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет