Битолското Чупе кај малите гевгеличани
Во рамките на големиот хуманитарен проект „Собираме и ре-креираме со Бимилк“, денес Битолското Чупе беше во посета и на градинката „Детска радост“ во Гевгелија

Во присуство на голем број насмеани дечиња, таа низ пригодна детска програма раскажуваше за важноста од зачувување на животната средина и стекнување здрави навики уште од најрана возраст.
Ова беше всушност осмата од вкупно 12 креативни и едукативни работилници, кои во текот на декември се одржуваат низ повеќе градинки ширум Македонија. Во претходниот период, тие во голема акција ги собираа празните амбалажи од Битолско млеко и од нив понатаму изработуваа разни корисни предмети.
Целта на овие работилници е децата да се стекнат со навики за рециклирање и грижа за природата, а истовремено да се поттикне и нивната хумана страна, бидејќи предметите кои тие ги изработиле на 23 декември ќе бидат изложени на голем предновогодишен хуманитарен базарна кој собраните средства ќе бидат донирани за СОС Детско село Македонија.
Хуманитарниот базар ќе има и пригодна детска програма, во која Битолското Чупе и Ивце Пивце ќе ја имаат главната улога, а истиот ќе се одржи во Веро Центарот во Скопје со почеток од 12 часот.
Претходно креативни работилници се одржаа во дел од градинките во Охрид, Битола, Скопје, Кавадарци и Пробиштип, а по посетата на Гевгелија, Битолското Чупе ќе патува и во Тетово и Куманово.
Инаку, Битолска млекара го најави „Собираме и ре-креираме со Бимилк“ како голем пилот-проект кој ќе продолжи и во наредните години, с? додека не се покријат сите деца од цела држава, со цел долгорочно да се влијае на навиките за зачувување на средината.