cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Со бебето во домот

Породувањето е веќе минато и време е да се прилагодите на новиот живот со своето бебе. Погрижете се за добра исхрана и што повеќе одмарајте, доколку новиот член тоа ви го дозволува.

Со бебето во домот

Породувањето е веќе минато и време е да се прилагодите на новиот живот со своето бебе. Погрижете се за добра исхрана и што повеќе одморајте, доколку новиот член тоа ви го дозволува.

Продолжете со урамнотежената исхрана

Урамнотежената исхрана е важна исто колку и во бременоста. Јадете редовно. Оброците нека ви ги подготвува партнерот или некој друг. Доколку е можно неколку недели нека ви помага вашата мајка. Таа вас најдобро ве знае и најверојатно со неа може да разговарате за било што. Од неа може да добиете многу корисни совети, а ќе ви помогне и да ги пребродите првите недели после породувањето, кои се воедно и најтешки, затоа што мора да се навикнете на сосема поинаков живот.

Одморајте колку што можете

Со новороденчето ќе ви треба мир и тишина, затоа ограничете ги посетите на пријателите и познаниците се додека не бидете потполно подготвени за тоа.

Првите неколку дена останете во кревет, а ако сте имале царски рез се препорачува да одморате во кревет неколку недели. Мора да се заздравите од физичките промени кои ви се случиле во текот на породувањето. Домашните работи сведете ги на минимум. Ако сте во кревет, може да се придржувате на советите кои сигурно веќе безброј пати сте ги слушнале како на пример, спијте кога спие вашето бебе. Многу е важно да имате доволно сон. Требало да поминат девет месеци за бебето да се развие, а сега вие треба да му дадете на вашето тело време повторно да се адаптира на состојбата пред бременоста.

Вашиот кревет е истовремено најдобар простор за галење со вашето бебе. Во креветчето може да стане осамено, а на новороденчето  му треба близина од мајката и таткото, а и вам неговата.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет