Време е за јајце. Што треба да знаете пред првиот залак?
Јајцето е една од највредните и најупотребуваните намирници богато со протеини, железо, витамини и здрави масти кои се клучни за растот и развојот на бебето. Многу родители се двоумат кога и како да го воведат во исхраната, поради страв од алергии.

Кога може да се воведат јајцата?
Според современите педијатриски препораки, јајцата може да се воведат помеѓу 6 и 8 месец, кога бебето веќе започнало со дохрана. Повеќето истражувања покажуваат дека раното и контролирано воведување може дури и да го намали ризикот од алергии, наместо да го зголеми.
Како правилно да се воведат?
- Почнете со жолчката, бидејќи таа е поблага и поретко предизвикува реакција.
- Варете ја целосно околу 10 минути, па измешајте мала количина со зеленчук, пире или житарка.
- Ако бебето ја поднесе добро, по неколку дена може да се додаде и белката.
- Секогаш воведувајте нова намирница наутро, за да можете да забележите евентуална реакција.
На што да внимавате?
По воведувањето на јајца, следете дали се појавува: осип, црвенило или оток, како и повраќање, пролив или кашлица.
Ако се појави нешто од ова, веднаш контактирајте педијатар.
Корисни совети
Секогаш користете свежи и добро сварени јајца. Сурови или полусурови јајца не се безбедни за бебиња.
Не додавајте сол, зачини или масло при подготовка.
Комбинирајте јајце со други хранливи намирници како компир, тиква, брокула или ориз.
Јајцето е супер-храна за малите деца. Го поддржува развојот на мозокот, мускулите и имунитетот. Со внимателен пристап можете безбедно да го вклучите во исхраната на вашето бебе и да создадете здрави навики уште од најрана возраст.