Скриени писма: Вечен негативец
И да... Водиме битки, а можеби и војна. Понекогаш, замисли тоа и ме смее, понекогаш ме прави болно задоволна, но најчесто ме плаши и ме прави ранлива

Битките ги губам и по милионити пат си велам ТАКОВ Е! А јас што можам? Состојба на парализа и немоќ. Состојба на комплетна неусогласеност на срцето и умот. Умот? Никој не го ни прашува.
Твоите зборови еден по еден се таложат на душава како камења. Огромни. Телото ми е парализирано и се што можам е немо да те слушам. Си го слушам и внатрешниот глас како ми вели-направи нешто, кажи му го она што секоја ноќ ти се вртеше во глава, но штама. Немоќ. Ни збор. Пак победи. Пак ме направи негативец – мојата вечна улога во овој наш филм.
Авторите на скриените писма остануваат непознати за јавноста.
Рингераја.мк гарантира НЕ откривање на нивниот идентитет.
Станете и вие анонимен автор на Рингераја.мк
Испратете e-mail на glaven.urednik@ringeraja.mk