Што прави твоето бебе во стомакот? Невидливиот свет каде расте, учи и се подготвува за живот
Кога го очекуваш своето бебе, често се прашуваш што точно се случува таму, длабоко под твоето срце. Иако не можеме да го видиме со очи, бебето во стомакот постојано се движи, учи и се развива.
Неговиот свет е мал, но полн со активности од најраните недели до моментот на раѓање.
Првите движења се повеќе од случајни треперења
Иако бебето почнува да се движи уште околу 7-8 недела, мајката тоа не го чувствува веднаш. Во почетокот, овие движења се нагли бидејќи бебето учи да го контролира своето тело.
Како што бременоста напредува, движењата стануваат: појасни, посилни, и почесто поврзани со надворешни стимули како на звук, храна, позиција на мајката и слично.
Тоа значи дека бебето не е пасивно туку напротив, мошне активно.
Бебето има свој ритам, спие, се буди и „вежба“
Повеќе од половина време во матката бебето спие. Но, кога е будно, работите се неверојатни:
- Вежбање дишење. Иако не вдишува воздух, бебето прави ритмични движења со градите, подготвувајќи се за првиот здив.
- Голтање плодова вода. Ова му помага во развојот на дигестивниот систем.
- Истегнување и виткање. На овој начин ги развива мускулите и флексибилноста.
- Удирaња со рачиња и ноџиња.
Бебето слуша и помни
Околу 20-та недела, бебето почнува да ги слуша звуците надвор. Најсилно ги препознава: гласот на мајката, нејзиниот ритам на срцето и звукот на крвотокот.
До моментот на раѓање, бебето веќе има емоционална поврзаност со гласот на мајката. Затоа, кога новороденчето ќе заплаче и ќе го слушне мајчиниот глас, веднаш се смирува.
Не чудете се. Бебето има и емоции
Истражувањата покажуваат дека плодот може да реагира на: музика, нежно погалување на стомакот, стрес кај мајката и радост.
Кога мајката се смее и бебето се „движи“ со смеењето. Кога мајката е мирна и бебето чувствува сигурност.
Тоа не е случајно. Општо познато е дека врската мајка-бебе започнува многу пред раѓањето.
Подготовка за големиот момент
Во последните недели бебето: ја врти глава, тренира растегнување и ја зазема позицијата за раѓање.
Во тој период, неговата активност често станува поорганизирана и предвидлива.
Иако е скриено, бебето во стомакот, тоа: учи, слуша, расте, се движи, се поврзува и веќе гради личност.
Тоа е првиот дом каде се создава љубовта, врската и чувството на сигурност, а твоето срце е неговиот прв учител.





