Што после позитивен тест? Водич за првите чекори
Моментот кога ќе видите две линии на тестот за бременост е мешавина од возбуда, среќа, неизвесност и страв.
Овој водич ќе ви помогне да ги направите првите чекори со сигурност и смиреност.
1. Потврдете ја бременоста кај лекар
Домашниот тест е сигурен, но гинеколошки преглед или крвен тест е неопходен за потврда. Лекарот ќе направи ултразвук и ќе ја утврди гестациската возраст на бременоста.
2. Почнете со пренатални витамини
Фолната киселина е најважна во првите недели бидејќи го намалува ризикот од дефекти на невралната туба кај бебето. Педијатрите и гинеколозите препорачуваат да се започне веднаш по позитивниот тест.
3. Размислете за вашите навики
- Сменете ја вашата исхрана. Внесувајте повеќе свежо овошје, зеленчук, интегрални житарки и протеини.
- Доколку консумирате алкохол и цигари веднаш прекинете со нив.
- Скоро сите сме љубители на кафе, но сега ограничете на максимум една шолја дневно.
- Практикубајте физичка активност како: лесни прошетки, јога за трудници или пливање.
4. Внимавајте на симптомите
Умор, чувствителни гради, гадење и промени во расположението се вообичаени. Сепак, ако имате силни болки, крварење или вртоглавици, веднаш обратете се на лекар.
5. Организирајте ја поддршката која ви е потребна
Бременоста е и физичка и емоционална промена. Споделете ги вестите со партнерот и блиските кои ви се поддршка. Психичкото здравје е исто толку важно колку и физичкото.
6. Почнете да водите дневник на бременоста
Запишувајте симптоми, прегледи и препораки од лекарот. Ова ќе ви помогне да се чувствувате организирано и смирено низ целиот процес.
Позитивниот тест за бременост е почеток на едно ново патување. Со правилна грижа, информираност и поддршка, првите чекори ќе бидат полесни и ќе ви овозможат да уживате во секој момент од оваа посебна фаза.





