Што ја одредува успешноста на ин витро оплодувањето?
Ин витро оплодувањето (ИВФ) е напредна медицинска процедура што на многу парови им дава шанса за родителство. Сепак, неговата успешност не зависи од еден фактор, туку од повеќе елементи кои се меѓусебно поврзани.
Разбирањето на овие фактори може да помогне во реални очекувања и подобра подготовка.
Возраст на жената
- Ова е клучен фактор за успех. Квалитетот и бројот на јајце клетките опаѓаат со возраста.
- Највисока успешност е кај жените под 35 години.
- По 40 години значително се намалува стапката на успешност.
Квалитет на јајце клетките и сперматозоидите
- Кај јајце клетките важна е генетската стабилност и нивната способност за оплодување.
- Кај сперматозоидите тоа се: подвижноста, морфологијата (форма)и нивната концентрација.
Причина за неплодност
- Хормонални нарушувања.
- Проблеми со јајцеводите.
- Ендометриоза.
- Машкиот фактор.
Некои состојби се полесно третирани од други, што влијае на исходот.
Квалитет на ембрионот
- Неговвиот развој во лабораторија односно брзината и правилноста на делба
- Генетскиот квалитет влијае на имплантацијата и развојот.
Состојба на матката
- Дебелина и квалитет на ендометриум.
- Присуство на полипи, миоми или воспаленија.
- Подготвеноста за имплантација.
Животен стил
Позитивни фактори кои влијаат на ин витор оплодувањето се: балансираната исхрана, здравата телесна тежина како и редовна умерена физичка активност.
Негативни фактори кои влијаат на ин витор оплодувањето се: пушењето, консумацијата на алкохол и хроничниот стрес.
Медицински пристап и клиника
- Искуството на тимот.
- Квалитетот на лабораторијата каде се спроведува ова оплодување.
- Индивидуализираниот протокол за стимулација.
Психолошка состојба
Стресот и анксиозноста можат индиректно да влијаат на хормоните.
Емоционална поддршка е важна и го подобрува целокупно искуство околу ин вито оплодувањето.
Број на обиди
Успешноста може да се зголеми со повеќе циклуси. Потребно е трпение и да имате реални очекувања.
Ин витро оплодувањето не е гаранција, туку можност. Секој случај е индивидуален, а комбинацијата од медицински, биолошки и животни фактори ја одредува конечната успешност. Информираноста и соработката со стручниот тим се клучни за најдобар можен исход.





