Што е „трудничка магла“ и дали навистина постои?

Дали некогаш си влегла во соба и заборавила зошто си таму? Или си го оставила телефонот во фрижидер?

Што е „трудничка магла“ и дали навистина постои?

Ако си бремена и почнуваш да забележуваш вакви ситни „исклучувања“, не си единствена. Ова феномен се нарекува „трудничка магла“ или „pregnancy brain“, состојба што многу трудници ја опишуваат како расеаност, заборавеност и отежнат фокус.

Но, дали ова навистина постои или е само уште еден мит поврзан со бременоста?

 

Што значи?

Терминот се однесува на ментални промени што жените ги доживуваат во текот на бременоста, особено поврзани со: заборавеност, намалена концентрација, потешкотии при организирање на мислите, намалено внимание, отсуство на краткотрајна меморија.

Иако ова не е медицински дијагностицирана состојба, многу жени пријавуваат овие симптоми, особено во вториот и третиот триместар.

 

Зошто се јавува?

Хормонални промени
Во бременоста, нивоата на естроген и прогестерон драстично се зголемуваат. Тоа се хормони кои имаат влијание врз мозочната хемија и невротрансмитерите.

Недостаток на сон
Меѓу утринските мачнини, честото мокрење и анксиозноста, многу бремени жени спијат помалку и пократко, а мозокот не функционира оптимално кога е уморен.

Промени во мозочната структура
Истражувања со MRI покажале дека некои делови од мозокот кај бремените жени се менуваат особено оние поврзани со емоционална регулација и социјална поврзаност. Ова помага за градење врска со бебето, но може привремено да влијае на мисловната острина.

Ментален товар и преокупираност
Мислите за бебето, здравјето, породувањето, подготовките за дома сето тоа може да го преоптовари умот.

 

Дали треба да се грижиш?

Овие симптоми се привремени и во најголем број случаи исчезнуваат неколку месеци по породувањето. Трудничката магла не е знак на деменција или сериозен проблем, туку природна реакција на телото и мозокот на големите животни промени.

 

Како да се справиш?

-        Води белешки или користи апликација за потсетници

-        Намали со мултитаскингот, фокусирај се на една задача

-        Постави рутина бидејќи навиките овозможуваат поголема концентрацијата

-        Спиј доволно кога можеш

-        Вежбај лесна физичка активност бидејќи ја стимулира циркулацијата и мозокот

-        Јади здрава храна, посебно онаа богата со омега-3 масни киселини

-        Не се осудувај себеси. Прифати ја состојбата со разбирање и хумор.

 

Трудничката магла не е мит, но не е ни причина за паника. Тоа е нормален дел од неверојатниот и често напорен пат до мајчинството. Твоето тело и ум се прилагодуваат на новата реалност, а привремената заборавеност е само мал дел од тој трансформативен процес. Со поддршка, организација и малку трпение сè ќе си дојде на место.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет