Пастеризирано vs. Сурово млеко: Кое е „вистинското“ за употреба?

Млекото отсекогаш било симбол на здравје и природна храна, но околу тоа кое е подобро млеко, пастеризираното или суровото постојат многу дилеми.

Пастеризирано vs. Сурово млеко

Едни тврдат дека само суровото млеко ја задржува целата своја хранлива вредност, додека други го сметаат за ризично за здравјето. Па, што велат науката и практиката?

 

Што е пастеризирано млеко?

Пастеризацијата е процес на краткотрајно загревање на млекото на одредена температура со цел да се уништат штетните бактерии и микроорганизми, без притоа значително да се загубат хранливите состојки. Најчесто се користи т.н. HTST метод (High Temperature, Short Time), каде млекото се загрева на 72°C во траење од 15 секунди.

 

А што е сурово млеко?

Суровото млеко е директно од животното, без термичка обработка. Поддржувачите на сурово млеко тврдат дека тоа содржи повеќе ензими, витамини и „жива енергија“ која пастеризацијата ја уништува.

 

Предности на пастеризираното млеко

  • Ризикот од инфекции како салмонела, ешерихија коли, листеријасо користење на ова млеко е минимален.
  • Има подолг рок на траење и затоа постои можност за складирање и подоцнежна негова употреба.
  • Има стабилен квалитет бидејќи ова млеко е контролирано и стандартизирано.

 

Потенцијални придобивки на суровото млеко

  • Ова мело има повеќе „активни“ ензими и пробиотици, иако дел од нив се уништуваат во желудникот.
  • Пократок пат од фарма до чаша, кај мали локални производители со свежо млеко.
  • Некои луѓе велат дека има побогат вкус и е поблиску до природата.

 

Ризици на суровото млеко

Иако може да изгледа почисто и поавтентично, суровото млеко носи поголем ризик од:

  • Бактериски инфекции кои можат да бидат опасни, особено за бремени жени, мали деца, постари лица и луѓе со ослабен имунитет.
  • Променлив квалитет кој зависи од условите на чување, здравјето на животното и хигиената при молзење.

 

Кое е „вистинското“ млеко?

Зависи од тоа како гледаме на поимот „вистинско“. Ако „вистинско“ значи најблиску до природата, суровото млеко е победник. Но ако „вистинско“ значи безбедно и со контролиран квалитет, тогаш пастеризираното е подобар избор.

 

И суровото и пастеризираното млеко имаат свои предности и ризици. Додека суровото нуди автентичност и можеби повисока нутритивна вредност, пастеризираното гарантира безбедност и практичност.

На крајот, изборот зависи од личните убедувања, здравствените состојби и довербата во изворот на млеко. Она што е најважно е млекото да биде квалитетно, чисто и консумирано со свесност.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет