Што е страв од непознати лица кај бебињата?

Одеднаш твоето насмеано бебе почнува да плаче кога ќе му се доближи некој друг освен тебе?

Што е страв од непознати лица кај бебињата?

Ова е дел од нормален развоен процес познат како „страв од непознати лица“. Ајде да објасниме што значи, кога се појавува и како да се справиш со него.

 

Што точно претставува?

Stranger anxiety (во превод: страв од непознати лица) е нормална фаза од социоемоционалниот развој на бебето, кога детето покажува страв, анксиозност или вознемиреност во присуство на лица кои не ги препознава.

Иако може да изгледа драматично, ова е всушност знак дека мозокот на бебето напредува odnosno почнува да прави разлика меѓу „блиски“ и „туѓи“.

 

Кога започнува?

  • Најчесто се појавува меѓу 6 и 9 месеци од животот.
  • Понекогаш трае до 18 месеци или дури и малку подолго.
  • Може да биде поизразен кај некои бебиња отколку кај други бидејќи секое дете е различно.

 

Како изгледа во пракса?

Твоето бебе може да:

  • Почне да плаче кога ќе го земе в раце непознато лице
  • Се крие зад тебе или бара да биде земено само од тебе
  • Станува напнато во нови простории или средини
  • Одбива да се насмее или да се вклучи во интеракција со непознати

 

Зошто се случува ова?

Бебињата поминуваат низ важен когнитивен развој. Околу 6-тиот месец, тие почнуваат да:

  • Разликуваат познати и непознати лица
  • Развиваат поврзаност (attachment) со родителите или негувателите
  • Стекнуваат чувство за сигурност, кое лесно може да се наруши при промена.

 

Како да помогнеш?

  • Постепено изложување на нови лица. Дозволи му на бебето да ги запознае новите лица полека, без притисок.
  • Биди присутен. Остани во близина кога го запознаваш со некого нов.
  • Позитивна енергија. Покажи му преку твојот тон и однесување дека личноста е безбедна.
  • Дај му време на детето. Не го форсирај детето да се дружи или да биде земено в раце бидејќи му треба време да се прилагоди.

 

Кога да се загрижиш?

Стравот од непознати лица е нормална појава. Но ако: детето покажува екстремен страв што се влошува со тек на време, одбива да комуницира со било кој, дури и по долг период, има и други знаци на емоционално повлекување, тогаш консултирај се со педијатар или детски психолог за дополнителна проценка.

 

Стравот од непознати лица не е проблем туку дел од природниот процес на емоционално созревање. Бебето учи кому да му верува, како да се поврзе и што значи сигурност. Со разбирање, трпение и многу љубов, оваа фаза ќе мине, оставајќи зад себе едно дете со здраво чувство на доверба и приврзаност.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет