Семејството е местото каде што започнува сe

Тоа е местото каде што ги правиме првите чекори, каде што учиме што значи љубов, грижа, трпение и припадност. Семејството е нашиот корен, а од корените црпиме сила за целиот живот.

Семејството е местото каде што започнува сe

Вредностите што ги носиме низ животот најчесто се вкоренети во домот од кој доаѓаме, а силното семејство создава силни поединци и здрава заедница.

 

Семејството не е секогаш совршено, но е местото каде што сме прифатени такви какви што сме. Тоа е нашето засолниште кога светот е суров и потсетник дека никогаш не сме сами. Во семејството учиме да сакаме, да простуваме и да бидеме подобри луѓе.


Денес и секој ден бидете благодарни за вашето семејство, за оние што ве воспитале, што ве поддржале, што верувале во вас дури и кога самите сте се сомневале. Бидете благодарни и за лекциите, за убавите, но и за тешките моменти затоа што сите тие ве направиле тоа што сте денес.

 

Афирмација за денес:
„Јас сум благодарен/благодарна за моето семејство. Љубовта, вредностите и силата што ги носам во себе доаѓаат од моите корени. Јас создавам хармонија, разбирање и љубов во моето семејство и во мојот живот.“

 

Негувајте ги семејните врски. Подарете им време, стоплете им го срцето со убав збор, со внимание и љубов. Зашто каде и да одиме во животот, семејството останува коренот од кој растеме.

Ваша Рингераја. 

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет