Селската момичка
Инструкции - како да направите играчка дома

Битолското чупе
Во приказната за Јана своја стави рака
млеко, јогурт и сирење, од се срце сака
ја оздраве Ева, од тага Јана ја спаси
другарството нивно насекаде се огласи.
Во оваа сказна хероина е главна
и по добрината сега стана славна
Битолското чупе е мома лична
да се обидеме да направиме кукла, на неа слична.
Потребни материјали:
- Ткаенина во бела боја
- Ткаенина во розева боја
- Парче кујнска крпа
- Памук или молтотекс
- Црн фломастер
- Руменило
- Конец и игла
Чекор по чекор:
Исечете ги трите делови за телото на куклата по дадената шема.
Составете од нив тело, раце и нозе. Оставете отвор за полнење на куклата.
Откако ќе ги сошиете сите делови, наполнете ја куклата.
Направете украси (пом-пом) по редослед како на сликите
Сошијте фустанче од розевата ткаенина и престилка од кујнската крпа. Ставете ги на куклата. На главата сошијте и волница и оставете подолги парчиња за да сплетете плетенка. На главата и половината ставете и ги украсите пом-пом.
Селската момичка е готова.
Мисијата на "Прегратка на дар" |