cookie-img

Веб-страницата користи колачиња

за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.

Првите чекори на вашето бебе и безбедноста дома

Првите чекори на бебето се магичен момент, но и почеток на нова фаза полна со предизвици.

Првите чекори на вашето бебе и безбедноста дома

Светот одеднаш станува достапен, а љубопитноста нема граници. Она што вчера било безбедно, денес може да претставува ризик. Затоа, осигурувањето на просторот е клучно кога бебето ќе прооди.

 

Зошто овој период е најризичен?

Кога бебето ќе прооди: нема целосна рамнотежа, не ја препознава опасноста, сака да допре, повлече и стави сè во уста и реагира побрзо отколку што родителот може да предвиди. Токму затоа превенцијата е поважна од реакцијата.

 

1. Осигурување на мебелот

Прицврстете ги комодите, полиците и телевизорите за ѕид.
Избегнувајте маси со остри агли или пак доколку имате веќе такви маси користете заштитници. Не оставајте столчиња до прозорци или полици.

Мебелот што може да се преврти е една од најчестите опасности.

 

2. Заштита на електрични приклучоци

Користете заштитни капачиња за штекери, сокријте ги сите кабли и продолжни и не оставај уреди приклучени и достапни. Електричната струја е „невидлива“ опасност за детето.

 

3. Врати, скали и прозорци

Поставете заштитни огради на скалите, корисете и сигурносни брави на врати и фиоки и обезбедете ги прозорците со заштитни механизми.

Дури и краток момент без надзор може да биде доволен за несакан инцидент.

 

4. Кујнате е најризичната просторија

Во кујната држете ги ножевите и други остри предмети надвор од дофат. Користете брави на фиоки и шкафчиња. Тенџерињата свртете ги со рачките навнатре. Не оставајте топли пијалаци на рабови или на места достапни за вашето бебе.

 

5. Купатилото е тивка опасност

Никогаш не оставајте го бебето само во купатило. Користете нелизгачки подлоги. Сите средства за чистење и лична хигиена држете ги заклучени, а капакот на WC школката секогаш затворен.

 

6. Мали предмети и гушење

Редовно проверувајте ги подовите, теписите и софите бидејќи може да има мали предмети, копчиња, монети и делови од играчки кои лесно завршуваат во уста.

 

7. Надворешна безбедност

Кога сте надвор секогаш држете го бебето во ваша близина и на дофат. Избегнувајте прошетки по нерамни површини. Внимавајте доколку имате домашни миленици или кога сте надвор на туѓите. Користете соодветни обувки со нелизгачки ѓон и дома и надвор.

 

Дали треба сè да се забрани?

Целта не е да се создаде стерилен простор туку безбедна средина во која детето може да истражува. 

Малите падови се дел од учењето, но секогаш гтреба да бидеме спремни да ги спречиме сериозните повреди.

 

Кога бебето ќе прооди, домот мора да се прилагоди на него.
Со неколку едноставни промени можете значително да го намалите ризикот и да му дозволите на детето безбедно да го открива светот. Најдобрата заштита е внимателен родител и подготвен простор.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет