Што сe знае новороденчето?

Иако изгледа мало и беспомошно, новороденчето доаѓа на свет со изненадувачки многу вродени способности. Тоа не „почнува од нула“. Неговиот мозок и сетила веќе активно работат уште од првите моменти по раѓањето.

Што сe знае новороденчето?

1. Го препознава гласот на мајката

Новороденчето го слушало гласот на мајката уште во утробата, па реагира посмирено кога го слуша познатиот тон. Често се смирува побрзо со мајчиниот глас отколку со било кој друг

Гласот е првата емоционална врска.

 

2. Чувствува допир и безбедност

Допирот е едно од најразвиените сетила. Преку него ја препознава топлината, реагира на кожа на кожа контакт и се смирува кога е гушнато

Затоа контактот „кожа на кожа“ е толку важен по раѓањето.

 

3. Има вродени рефлекси

Новороденчето знае да: цица, голта, фаќа со дланката и го врти главчето кон допир таканаречен рефлекс на пребарување.

Овие рефлекси се клучни за преживување.

 

4. Ги препознава мирисите

Новороденчето најдобро го препознава мирисот на мајката кој му помага да ја најде градата. Овие познати мириси му даваат чувство на сигурност.

 

5. Разликува светло и темно

Иако видот е сè уште неразвиен гледа најдобро на растојание од 20 до 30 см, препознава лица и контрасти и реагира на силна светлина.

 

6. Чувствува емоционална состојба

Новороденчето реагира на напнатост или смиреност, чувствува ритам, тон и енергија. Не ги разбира зборовите, но ја чувствува емоцијата.

 

7. Има сопствен ритам

Иако спие многу новороденчето има моменти на будност, реагира на дневно-ноќниот ритам и постепено учи кога е време за активност, а кога за одмор.

 

И она што не знае е во ред за новороденчето

Новороденчето не знае да се смири само, не знае да манипулира и не се разгалува со галење и посветена нежност. Сè што му треба е вербален контакт, допир и присутност.

 

Новороденчето знае да чувствува, да препознава и да се поврзува. Не му треба совршен родител, туку присутен, нежен и трпелив. Со време, токму таа сигурност станува основа за здрав емоционален развој.

Пријави се и следи го развојот на своето дете

Бесплатен неделен е-весник кој го следи развојот на вашето дете.

Вашата е-адреса

Предвиден датум на породување

calc-img

Пресметај го датумот на породување

Последни статии

article-img

Последно на форумот

message-img

ПАКЕТ ПОДАРОЦИ

article-img

Секој месец подаруваме богати подароци на трудници, семејства со новороденчиња, мали деца и деца.

Кликнете и изберете го вашиот пакет со подарок!

Пакет подароци - Пријава Трудница
Пакет подароци - Пријава Новороденче, доенче
Пакет подароци - Пријава Мало дете (1-3)
Пакет